Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 13:36

ЈУБИЛЕЕН МОДЕН ВИКЕНД ОД 31 МАРТ ДО 2 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ

Соголена убавина

Под мотото "Вистинска индивидуалност", Моден викенд Скопје на своето петнаесетто јубилејно издание, кое ќе се одржува од 31 март до 2 април, во салонот на "Порше Македонија", ќе ги слави вистинската женска убавина и посебноста што секоја жена ја носи.

Заштитни лица на пролетното издание се моделите Симона Ангеловска, поранешната српска мис Ања Шарановиќ и Викторија Ристовска од модната агенција "Подиум".
Подготовките за сезоната пролет-лето 2017 започнаа со фотосесија, која се одржа викендов, на терените на коњичкиот клуб "Дона" во Радишани, крај Скопје, пред објективот на модната блогерка Јована Зука, која по трет пат го осмисли концепт-дизајнот за визуелниот имиџ на сезоната.
"Преку профилите на три дистинктивни девојки, ја славиме соголената чиста убавина и го истакнуваме моментот пред трансформацијата за на писта и пред облекувањето во автентичен македонски дизајн, кој веќе 15 сезони се пласира на Моден викенд Скопје", велат организаторите.
И овој пат, како партнер и копродуцент на насловната на Моден викенд Скопје се јавува "Фешн енд френдс", од каде што доаѓаат најновите модели на џинс, во кои се облечени манекенките, а изгледот е дополнет со модни додатоци од "Парфуа" и од "Манго". Овие модни брендови на вистински начин овозможуваат да дојде до израз индивидуалниот стил на секоја жена. За фризурите се погрижи "Лакме", во соработка со Кристина Серафимова-Кики, а за шминката Јована Коциќ. Фотографиите зад сцената ги потпишува Марина Трајковска. (Л.С.)


Текстот е прочитан 1203 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter