Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.01.2017, 13:53

Наградите се поттик да даваме сe од себе и во иднина

Ги полнеа противничките мрежи со голови, организираа акции и правеа асистенции, а оние повештите успеваа да се одбранат и од најдобрите стрелци. Затоа и ги наградивме за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман во генерацијата 2004/05.

Турнирот Еден живот, една љубов" годинава се одржуваше во два дела поради големиот број на учесници, односно над 1200 момчиња и девојчиња од Ракометната академија Вардар. Во првиот дел се натпреваруваа генерациите 2000/01 и 2002/03, а вториот викенд беа најмалите категории 2006/07, 2008/09 кои играат мини ракомет и генерацијата 2004/05.



Ова се шесте девојки и момчиња кои се издвоија по квалитетот и вештините кои ги презентираа на турнирот Еден живот, една љубов", во организација на Ракометната академија Вардар и кои ги добија поединечните награди во женска и во машка категорија од генерацијата 2004/05.

Бојана Коцева од Ново Лисиче Вардар успеа на турнирот да постигне најмногу голови во женска категорија во нејзината возрасна категорија. Бојана ви ја претставивме неодамна со групата девојчиња од Ново Лисиче Вардар, кои во Вардар Јуниор лигата се натпреваруваат и со постарата генерација девојки 2002/03.



Ова ми е прва награда за најдобар стрелец и многу сум среќна што ја добив. Ќе продолжам и понатаму да давам сс од себе и да научам колку што може повеќе на тренинзите. Ова е одличен проект на Ракометната академија на Вардар", вели Бојана.

Наградата за најдобар играч ја доби Сара Стефановска од Кале Вардар.



Многу убаво се чувствувам, возбудена сум. За мене оваа награда е поттик да продолжам да тренирам, и мислим дека со многу работа и наше вложување во играта може да постигнеме сс", вели Сара.

Пехарот за најдобар голман го освои Леа Христовска од Кастратовиќ Вардар 1.



Прекрасно е чувството кога дознав дека сум добитник на награда за најдобар голман. Пред една година почнав да тренирам со тренерот Здравка Дамовска и ова ми е прва година на турниров. Многу добра организација и прекрасна можност за нас, младите да покажеме колку знаеме. Јас ќе продолжам да давам сс од себе и се надевам дека следната година ќе бидеме прво место. Ќе дадеме максимум да се избориме за првото место", вели Леа.

Најдобриот стрелец во машката категорија, Илија Табаков се натпреварува во истиот тим со најдобриот играч Давид Славевски - Бисинов Вардар. Давид беше изненаден од наградата.



Ова ми е прва награда. Јас не очекував дека ќе ме изберат меѓу најдобрите, но многу ми се допаѓа што сум во нивно друштво. Академијата покрај овој турнир ја организира и Вардар Јуниор лигата, каде исто така се натпреварувам, и се надевам дека и таму ќе имаме убави резултати и ќе продолжам да давам сс од себе", вели Давид.

За Илија Табаков ова не е прва поединечна награда што ја добил од Ракометната академија Вардар.



Ова не ми прв пехар, но годинава сум избран за најдобар стрелец, а на минатиот турнир бев избран за најдобар играч во мојата генерација. Независно, и годинава сум многу возбуден и среќен. Мене многу ми се допаѓа проектот на Ракометната академија Вардар, особено што ми овозможува простор каде можам да покажам колку сум научил и ќе продолжам да давам сс од себе", вели Илија.

За Мартин Димитриевски од Гостивар Вардар наградата најдобар голман во оваа категорија е поттик да продолжи да спортува.



Ова ми е прва награда и причина да продолжам да давам максимум од себе. Тренирам една година и првпат играм на турнирот, но ќе се обидам што повеќе да придонесам за овој спорт", вели Мартин.


Текстот е прочитан 809 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter