Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.12.2016, 13:51

НБА

Леброн Џејмс стана осми стрелец во историјата

Леброн Џејмс на дуелот против Милвоки даде 34 поени, со што го надмина легендарниот Мозес Мелоун на осмото место на вечната листа на стрелци.

"Коњаниците" славеа со 114:106 по продолжението.
Џејмс сега има 27.412 поени во кариерата, а следна мета му е Шекил О'Нил. Еден од најдоминантните центри во НБА лигата во кариерата има постигнато вкупно 28.596 поени, а Дирк Новицки кој е на шестото место на табелата е со 29.552 поени.
- Такво нешто вежбам на тренинг скоро секој ден. Вечерва ме служеше шутот, така што во такви ситуации верувам на трудот што го давам на тренинзите - изјаво Џејмс кој даде клучна тројка на 24 секунди до крајот на продолжението.



Сан Антонио спарс го доби тексашкото дерби против Хјустон рокетс и тоа на гостински терен со 102:100. Пати Милс ја погоди победничката тројка на 12,9 секунди до крајот на мечот. Кавај Ленард беше најефикасен кај "мамузите" со 21 поен, додека Џејмс Харден уфрли 31 за Хјустон.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот-Лејкерс 117:113, Филаделфија-Њу Орлеанс 93:108, Мајами-Орландо 130:136, Њујорк-Индијана 118:111, Торонто-Бруклин 116:104, Хјустон-Сан Антонио 100:102, Мемфис-Бостон 109:112, Милвоки-Кливленд 108:114, Голден Стејт-Јута 104:74, Клиперс-Денвер 119:102, Сакраменто-Портланд 126:121.


Текстот е прочитан 479 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter