Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 09:56

ИЗЛОГ

Сезона

Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце...

Пукна сонце и се зголеми температурата.
Се отвори сезоната на сеир во Македонија.
Почна разголувањето.
На жените, на јавната и на политичката сцена.
Бундите се аут, деколтето и слободното однесување се ин.
На лагите сега им се кратки ракавите место нозете.
Приватното ќе стане јавно, а јавното приватно.
Пријателите непријатели, непријателите пријатели.
Парфемот ќе замириса на ѓубре, а ѓубрето на парфем.
Ќе се види кој се негувал преку зимата, а кој оди на козметичар само за Нова година, 8 Март и во лето.
Сеирот го избрка народот на улица.
Некој за кафе, некој за спортување, некој за прошетка, а некој за протести.
Скапите и евтините очила за сонце сега блескаат најмногу.
Ем си мангуп и шмизла ем се криеш да не те препознаат.
Муабетите добиваат призвук на трач.
И така не се знае што е вистина, а што лага, што е реалност, а што фантазија.
Во Македонија е полесно да доживееш шок отколку да бидеш шик.
Затоа викендов одете на Моден викенд за да видите што е тренд.
Гледањето сеир кај нас може да ве чини поскапо.

l.sabit@vest.com.mk

 


Текстот е прочитан 746 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter