Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.03.2017, 13:58

ЧЕРВАР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВРАЌАЊЕ НА КОРМИЛОТО НА ХРВАТСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Лино го најави проектот "Токио 2020" , па го извиси

Лино Червар се враќа дома, на кормилото на Хрватска, оставајќи ја македонската ракометна репрезентација само неколку месеци откако го најави проектот "Токио 2020".

Иако по состанокот во Загреб не беше објавена официјална одлука, туку за тоа беа оставени уште неколку дена, хрватските медиуми ликуваат, а Червар призна дека се наоѓа во исклучително тешка ситуација.
- Преговорите одат во добра насока, за десетина дена ќе го соопштиме името на новиот селектор - изјави Зоран Гобац, алфа и омега на хрватскиот ракомет.
Желбата да го освои единственото злато што му недостига, што сите го очекуваат од наредното ЕП на домашен терен, се чини, беше пресуден фактор. Лино, сепак, ќе размисли уште некој ден, но тоа, се чини, ќе биде само колку да се спакува.
- Мора да ме разберете, мене ми е најтешко, зашто сум меѓу два огна. Не можам ни да спијам, зашто мора да донесам одлука. Во Македонија сум седум години, тоа е моја втора татковина и луѓето одлично ме прифатија. Направив големи работи за нивниот ракомет.



Мора да бидам коректен кон луѓето и во Македонија и во Хрватска. Ова не е ни малку лесна ситуација и затоа молам за уште трпение. Сепак, сите знаат кој сум и од каде сум - порача Червар, навестувајќи за што, всушност, ќе се реши.
Лино Червар пристигна во Металург, откако со Хрватска освои сребро на ЕП 2010 и направи од него респектабилен клуб на европската сцена, при што се издвојуваат два пласмана во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Иако тоа се очекуваше и многу порано, тој стана селектор на Македонија дури во мај минатата година, при што беше претставен како долгорочно решение за оваа позиција. Излегува дека Светското првенство во Франција беше негово деби и лебедова песна во таа улога.


Текстот е прочитан 1821 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter