Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 13:13

ТРЕНДОВИ ЗА МАТУРАНТКИТЕ

Матурски фустани како за на црвен килим

Сезонава, најверојатно, ќе има многу креации ископирани од познатите ѕвезди и старлети

САД - Сезоната на матурски дефинитивно е шанса за многу девојки да ги доживеат своите пет минути на црвениот килим. Сезонава, најверојатно, ќе има многу креации ископирани од познатите старлети. А зошто да не кога денешниве млади суперѕвезди имаат најразлични стилови? На пример, Џенифер Лоренс некогаш се појавува во спортски креации, а некогаш во секси, Тејлор Свифт често го менува својот стил од винтиџ во опуштен.
"Тука е и Селена Гомез, која е понежна, и Ријана, која е поексцентрична", изјави Џина Кели, уметничка директорка на "Севентин".
Џорџина Чапман, дизајнерка од "Маркеза", сега нуди значително поевтини верзии од своите креации за забава во синџирот продавници "Џеј-Си Пени", во колекцијата "Прл".
Со две мали деца, како и со две паштерки-тинејџерки, таа направи колекција за помладите клиенти. Се надева дека со колекцијата "Прл" ќе ја изнесе поведрата страна на креациите за разлика од "Маркеза", со истото ниво на внимание кон деталите, светките и украсите.
На гала-настаните се гледа многу голотија или кроеви што само делумно откриваат кожа. Овие компромиси се согласуваат со правилата на родителите. Иако некои девојчиња не сакаат да слушнат за такво нешто, сепак, фустаните во кои можат да стојат, седат и да танцуваат се подобар избор за на матурска. Комфорот поттикнува самодоверба, а и не мора да се грижите за фустанот при секое ваше движење.

Совети од Џина Кели, уметничка директорка на "Севентин"


Кели вели дека не треба да се обрнува големо внимание на облеката.

Фустанот е само дел од вечерта, која, пред сè, треба да ви биде забавна.

Исправете се, не виткајте ги рамената. Така секогаш ќе изгледате поубаво.


Совети од Менди Лајн, костимографка во ТВ-шоу


Менди Лајн, костимографка во ТВ-шоуто "Убави мали лажговци", ги охрабрува девојките да пробаат што е можно повеќе фустани. Таа се среќава со тинејџери од најразлични места во САД во продавниците "Мејсис". 

Водете се според вашиот инстинкт, бидејќи, во спротивно, нема да си поминете убаво.

Размислете за вашата омилена славна личност. Можеби, нема да изгледате исто како неа, но ова може да ви помогне да добиете идеја.

Дури и на ѕвездите им треба време да размислат за својот избор. Можеби, ќе изберат препознатлива креација, па ќе си поиграат со деталите или со бојата


Текстот е прочитан 930 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter