Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 15:38

Хан: ЕУ е подготвена да даде силен придонес за евроинтеграцијата на Западен Балкан

Европската перспектива на сите земји од Западен Балкан останува. Европската унија е подготвена да даде силен придонес за понатамошна интеграција на земјите од регионот, порача еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Самитот на преимерите од Западен Балкан што денеска се одржа во Сараево.

- Европскиот совет, минатата недела, на својата седница констатира дека сите земји членки ја согледале европската перспектива на Западен Балкан, но сепак постои работа што треба да се заврши, потенцира Хан на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот во Сараево на кој присуствуваа премиерите на Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово и Србија.
Тој посочи дека шесте земји од Западен Балкан првенствено треба да се фокусираат на економскиот развој на регионот.
- Можноста за јакнење на заедничкиот пазар на земјите од регионот и отстранувањето на постојните бариери и овозможувањето на непречен проток на стоки и услуги ќе овозможи отворање на најмалку 80.000 нови работни места, рече Хан.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување нагласи дека напредокот на регионот е евидентен иако некои се сомневаат во тоа.
- Граѓаните на земјите од Западен Балкан многу често се сомневаат дека воопшто постои напредок во приближувањето кон ЕУ, но одржувањето на овој Самит покажува дека има напредок, иако проблемите несомнено се присутни, подвелече Хан.
Домаќинот на Самитот, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ посочи дека на средбата во Сараево најчесто се говорело за евроинтеграциите, економската соработка и инфраструктурното и енергетско поврзување на регионот и натамошната соработка во областа на образованието, како и за содавање единствен пазар и отстранување на сите бариери за полесен проток на стоки и услуги во регионот на Западен Балкан.
Средбата во Сараево е прв Самит за Западен Балкан што се одржува во некоја од земјите од регионот.


Текстот е прочитан 794 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter