Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.03.2017, 12:40

ЛУКАС ПОДОЛСКИ СО СПЕКТАКУЛАРЕН ГОЛ СЕ ПРОСТИ ОД ГЕРМАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"

Лукас Подолски постигна спектакуларен гол на своето простување од германската репрезентација, што, згора на тоа, го реши победникот на пријателската средба со Англија (1:0).

Тоа беа неговите 130. натпревар и 49. гол, што го прави трет најдобар стрелец во историјата на "елф".
Клучниот момент на средбата се случи во 69. минута, кога Подолски го совлада Џо Харт со проектил упатен од 20-ина метри, за 13. победа на Германија над Англија.
- Не можевме да напишеме подобро сценарио - кажа Томас Милер.
Подолски дебитираше во дресот на Германија во 2004 година, кога беше играч на Келн, и десет години подоцна со неа стана светски првак, откако претходно се закити со две бронзи. Најдобриот резултат на европските првенства му е второто место од 2008 година.
- Беше како на филм. Одличен натпревар. Победивме, дадов гол и ова е најубавиот начин да се каже "збогум". Господ, или кој и да е, ми даде силна лева нога и ја искористив. Горд сум на овие 13 години. Ме полазија морници од ваквиот пречек - изјави Подолски, кој последните две сезони игра за Галатасарај.


Текстот е прочитан 634 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter