Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 13:49

СВЕТСКИ МОДНИ КОЛЕКЦИИ ПРИСТИГНАА И ВО МАКЕДОНИЈА

Нè чекаат денови со сонце и ноќи со луди забави

Светските модни колекции пристигнаа и во Скопје. Ги донесе "Фешн груп" во својата мултибренд продавница "Фешн енд френдс". По тој повод беше организирана мини модна ревија со македонски манекени.

Пролетта 2017-2018 е разиграна, разнобојна, динамична и енергична. Колекциите на брендовите што се дел од мултибренд продавницата, иако различни и доследни на сопствениот имиџ, имаат заедничка нишка, а оваа сезона тоа се напливот на бои и инспирацијата што доаѓа од далечни места, кои асоцираат на денови исполнети со многу сонце и на ноќи со луди забави.
Како и претходните сезони така и оваа, "Фешн енд френдс" е дел од Модниот викенд Скопје, кој почнува в петок и ќе трае до недела вечер. Поточно, се јавува како копродуцент на насловната и носечка фотографија, на која се најдоа неколку безвремени џинс парчиња од брендовите во продавницата.



Куба - инспирација за "Гес"

Колекцијата на "Гес" го слави спојувањето на урбаниот гламур со слободниот боемски дух. Иновативните технички материјали се фузираат со природните во повеќе различни бои и дезени, а тексасот и овој пат е носечки материјал. Младата жена, чие секојдневие е исполнето со безброј обврски и интереси, е инспирација за изглед во кој се комбинираат цветни и животински принтови заедно со графички мотиви и доминантни риги. Куба и нејзината раскошна природа се уште една од инспирациите за колекцијата: волумен, кроеви, цветни мотиви, монохроматски застапени силни бои и забележливи принтови.
Тексасот се среќава со технологијата во специјалната смарт линија, каде што три бои ги претставуваат трите различни својства на материјалот: сина за материјал што е водоотпорен и дише; црна за терморегулаторна технологија што ја заштитува кожата од УВ-зрачење и бела за материјал што не може да се исфлека. Кројот е "слим", а удобноста е загарантирана поради употребата на иновативен стреч материјал.



"Риплеј" слави 35 години од џинсот


Брендот "Риплеј" годинава слави 35 години посветени на историјата на тексасот и негова реинтерпретација во нови, возбудливи модели. Оваа сезона инспирацијата доаѓа од Лос Анџелес со неговите динамичност и разноликост. Град на ангелите, каде што соништата стануваат реалност и каде што секој новитет доаѓа во нова форма. Колекцијата наречена "Сансет Ајконс" ги спојува сите лица на овој град: моторџиското влијание, маскирните детали, етнопринтовите и егзотичните топли тонови, кои асоцираат на фестивалите во пустина.



Со "Дизел" патуваме во Мајами

Оваа сезона, колекцијата на "Дизел" нè води на патување во Мајами, каде што има доволно сонце и забава за сите.
"Мајами е место на кое отсекогаш сум му се воодушевувал поради уметноста, арт-деко архитектурата и поради плажите, кои наметнуваат посебен животен стил", вели Никола Формикети, уметнички директор на брендот. "Ме инспирираат разиграните бои, кои асоцираат на 80-тите и посакувам целиот свет да биде како Мајами во лето".
Колекцијата за пролет-лето асоцира на коктел од пастелни тонови и на забави покрај базен. (Л.С.)





Текстот е прочитан 752 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter