Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.04.2017, 13:10

ПОФАЛНИ МУЗИЧКИ КРИТИКИ ПО КОНЦЕРТОТ НА ГИТАРСКИОТ ВИРТУОЗ ВО ЗАГРЕБ

Неговото височество Влатко Стефановски

Хрватскиот музички портал мусиц-боџ.хр е полн со пофалби за концертот на македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски што се одржа во "Творница културе" во Загреб.

"Ретко се случува некој да ја заинтересира публиката со својата инструментална музика, од првата до последната минута на концертот, а она што го направи Влатко Стефановски можеме да го опишеме како врвна гитарска претстава, која ја гледаа и млади и стари", се вели во критиката за концертот на Влатко.
Новинарот го нарекува концертот пресек на она најдоброто од првата фаза со "Леб и сол" и втората - соло-фаза во повеќегодишната кариера на македонската гордост.
"Со најдобриот мора да бидат и најдобрите", вели критиката за триото на Стефановски, музичарите Ѓоле Максимовски и Дино Милосављевиќ.
"Среде солистичките и виртуозни 'дивеења' на своите колеги, Влатко се повлече во самиот агол од сцената, седна на столче, ја стави гитарата во скут и уживаше во претставата на овие врвни музичари".



"Македонската традиција е нешто што Влатко исклучително го почитува и нема да се откаже од неа. Затоа и овој концерт дишеше со македонски призвук", се вели понатаму во критиката за настапот на Влатко, кој ги воодушевил присутните со преработката на "Успаванка за Радмилу М." од "Бијело дугме", "Калајџиско оро", "Џипси меџик", "Учи ме, мајко, карај ме", "Скопје" и "Бистра вода" за крај. "По ова, не вреди веќе ништо да свирам", рекол Стефановски.
На крајот, новинарот вели оти се надева дека "неговото височество Влатко Стефановски" наскоро повторно ќе свири во Загреб.
Влатко Стефановски ќе одржи концерт со Биг бенд оркестарот на словенечката војска, во Скопје, на 19 април, во "Метрополис арената", од 20 часот.
На репертоарот за концертот ќе бидат аранжмани за џез-стандарди, инспирирани од традиционалната музика, но и неговите песни, меѓу кои и "Џипси сонг". Ќе ги слушнеме и "Јовано Јованке" и "Не си го продавај, Кољо, чифлигот", чиј нов аранжман го направил словенечкиот композитор и диригент Јоже Прившек пред многу години. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 838 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter