Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 14:06

СОЛИСТОТ НА БЕРЛИНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО ЦАНЕВ И СО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Главниот хорнист во Европа вечерва во Скопје

На вечерашниот концерт на Македонската филхармонија, солист е првиот хорнист од престижната Берлинска филхармонија Штефан Дор од Германија.

Концертот е во Дом на АРМ, од 20 часот, а е насловен "Моцартовата хорна". Еден од најбараните хорнисти во Европа и во светот, за македонската публика ќе изведе два концерта за хорна и оркестар бр. 1 и бр. 4 од музичкиот гениј В. А. Моцарт.
Диригент на концертот е маестро Борјан Цанев, а оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и комплексните, но мошне интересни дела - симфониската поема "Остров на мртвите" од Сергеј Рахмањинов, како и фрагменти од балетот "Спартак" од Арам Хачатуријан.
Моцарт во овие два концерта, велат музиколозите, го искажува совршенството на формата и леснотијата во водењето на навидум едноставните мелодии.



Педесет и двегодишниот Штефан Дор, кој е и професор на Академијата "Херберт фон Карајан", почнал да изучува виола, но откако го слушнал на концерт познатиот хорнист Херман Бауман, одлучил дека хорната ќе биде негов главен инструмент. По студиите во Есен и во Келн, тој станал главен хорнист во Операта во Франкфурт, а потоа на истата позиција е ангажиран во Фестивалскиот оркестар на Бајрот, во Филхармонијата на Ница и во Германскиот симфониски оркестар во Берлин. Во Берлинската филхармонија е од 1993 година. Како солист соработувал со врвни диригентски имиња, а покрај класичниот и романтичниот репертоар за хорна, во фокусот на неговото интересирање се делата од современите автори. Негова пасија е и камерното музицирање кое го развива со многу ансамбли. (Н.П.)


Текстот е прочитан 317 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter