Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.02.2017, 19:51

Протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ (Фото)

Скопје (Фото: Б. Грданоски) - Мирен граѓански марш во организација на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија се одржа денеска, за како што велат, против промена на Уставот и заштита на името и суштината на државата.

Маршот започна од пред Владата на Републка Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието на РМ.

Игор Дурловски, од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија го прочита Прогласот во кој се бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава.

Во прогласот, исто така, се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се остапува.

- Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден, рече Дурловски.

Богдан Илиевски, од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија рече дека нема да дозволат разделување на црвената и жолтата од македонското знаме, затоа нивниот симбол ќе биде спојување на црвената и жолтата, односно, како што рече, црвено-жолтата линија што нема да ја поминат.

Од Здружението најавија дека протестот ќе продолжи и во вторник.

 


Текстот е прочитан 2628 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter