Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.12.2016, 13:19

ИНТЕРВЈУ, РАДОВАН РАЃЕНОВИЌ, АРХИТЕКТ, ДОБИТНИК НА ГОДИНАШНАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО "АНДРЕА ДАМЈАНОВ"

Да ја препуштиме архитектурата на архитектите

Радован Раѓеновиќ, годинашниот добитник на наградата за животно дело "Андреа Дамјанов" што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија зад себе има педесет години архитектура и реализирани објекти на различни страни на светот.

Колегите за него велат дека е архитект во правата смисла на зборот оти останал доследен на својата архитектура и успеал знаењето да го пренесе на младите колеги. Раѓеновиќ заборува за забелешките и советите за младите колеги и искуствата низ кои поминал занимавајќи се со архитектура...

Како во неколку реченици ќе ги опишете Вашите пет децении архитектура?

После 50 години работа како градител, проектант, презентацијата на реализираното е како професионална исповест. Се трудев да не грешам. Успеав ли не знам. Колегите знаат дека по завршувањето на проектот, утредента веќе, нешто би смениле, додале.
Архитектурата треба да се изгради за вистината, ако ја знаеме.
И после 50 години работа остануваат дилемите и стремежот кон вистината.

Од бројните реализирани проекти, дали има некој проект во кој посебно сте се вградиле и можете да го издвоите?

Секој објект, проект, претставува посебен предизвик, се реализира под сложени, специфични услови. Подразбира композиција на простор, амбиент, обликување, функција, технологија. Условено од средината, времето, често со некомпетентни сугестии.
Како најсложен комплекс, повеќефункционален, во амбиент на крајбрежен парк е комплексот "Запољарје" во Сочи, Русија, кој и денес е дел од олимпиското Сочи. И по 30 години од неговата реализација дилемите ми се мали. А малата куќа во Маврово и сега би ја повторил.

Кој нереализиран проект ви е посебно значаен?

Скопје како мој град секогаш бил моја целосна преокупација. Проектот за Градската куќа кој го работев на конкурс и денес не би го променил. Макетата на објектот ги разбранува истите емоции. Кога минувам по плоштадот "Македонија" искрено ја доживувам нејзината мелодија со Вардар заедно.

На доделувањето на наградата направивте споредба на архитектурата во транзиција и оваа сега. Кои се сличностите?

Работев во услови, период пред транзицијата колку и во нејзините рамки.
Да потсетам. По несреќата на Скопје 1963 година градежништвото во Македонија се развиваше со голема динамика во вонредни услови. Архитектите мораа да бидат активни учесници. По неколку години обнова и создадени сериозни капацитети, градежништвото се активираше во регионот и пошироко. Тоа подразбираше капацитети, технологија, сознанија соодветни на актуелните трендови, критериуми во светот. Архитектите мораа со својот пристап во работата да одговараат соодветно критериумите на широкиот простор.
Се проектираше, градеше, по Европа, Азија, Африка. Нашите сериозни капацитети во градењето траеа повеќе децении. Не препознаваа колегите по светот, не поздравуваа со "хелоу", "здравствујте", "Југословенски строитељи" до реализации нарекувани "Македонски дом". "Хелоу", "здравствујте", подразбираше квалитет, но и капацитет. А во тој период само во Скопје организирано, обединето работеа над 2000 проектанти, а во градежните фирми над 50.000 градежници.
Да се реализираат проекти и градби вредни над 250 милиона долара во период од 3 години, потребни се соодветни капацитети. Ние не градевме само, урбанизиравме и проектиравме.
Но, дојде транзицијата. Некој вели тоа било само граматичка форма - множина, еднида, односно "наше па негово". Се надоврзува глобализацијата?
Дел од мојот работен век и јас го проведов во новите структури. Мојата генерација соучествуваше во создавање на новите општествени услови за стопански, професионални активности. Драги колеги. Се извинувам за настанатиот хаос.
Сличност е дека сме сите ние градители и проектанти.
Разликите се големи, понекогаш суштински. Кога е капацитетот мал не сме во состојба да реализираме сериозни градителски зафати. Она што вон нашето маало светот го подразбира.
Имаме ли градежни фирми, проектантски, урбанистички бирои, кои со својот капацитет можат да проектираат, реализираат градби вредни стотици милиони долари.
Сериозниот инвеститор го посетува бирото, опремата на механизацијата. Дискретно ги пребројува проектантите, механизацијата и потоа ја укажува довербата во реализацијата на обврските или се заблагодарува.
Градежништвото "транзитираше", остана дома, проектантите удираат печати на туѓи проекти.
Бирои со десетина проектанти, градители со стотина мајстори со своите капацитети се "маалски партнери".
Има и разлика од субјективните влијанија. Како на млад архитект, еден инвеститор при градбата ми рече "Овуј фасаду има га направиш како овој мое одело". Но сепак објектот се изгради согласно проектот.

Во вашето творештво, колегите архитекти посебно го нагласуваат периодот кога сте работеле во "Мавровопроект". Како вие гледате на тврдењето дека во овој период сте допринеле многу за позитивна афирмација на македонската архитектура во Русија, Украина, Југославија, Либија и Ирак?

За позитивната афирмација на македонската архитектура вон нашите граници компетентноста не е моја. Претпоставувам дека тоа може да биде презентацијата на реализираните објекти во книгата "55 истакнати архитекти на Југославија" на авторот, архитект Ивица Млаѓеновиќ од Белград. "Архитектура на комплексите за одмор", на акдемик А. П. Полјански, Москва, "Човек и простор"- Загреб, "Интерарх"- Софија, Биенале на светската архитектура или Признанието на БИМАС за афирмација на македонската архитектура во странство.

Кога би имале можност што би смениле во сегашната архитектура во Скопје?

Во Скопје прво би го сменил често некомпетентниот третман на урбаниот простор и анонимното архитектонско обликување на објектите. Маргинализација на сериозните, креативни, способни архитекти кои и денес имаат сериозни остварувања во нашата средина и пошироко.
Амбиентот во создавање, градење во кои авторите се често прикриени, како да се плашат или срамат од личниот и професионален морал.
Ако нашиот градител, архитект беше препознаван на широки простори, ценет меѓу колегите, повикуван од инвеститорите, сега не гледаат со подозрение.
Значи прво да го смениме пристапот, да го препуштиме урбанизмот, архитектурата на архитектите, како што е медицината на лекарите.

На што конкретно мислевте кога на младите архитекти им советувавте дека треба да се обединат?

Млади колеги, подобри сте од предходните генерации. Но треба да ја преземете одговорноста во поширок обем. Да се изборите за заслужен третман во општеството и професионалниот ангажман. Тешко е, многу сложено.
Но одлично знаете дека проектот, градбите не се индивидуална работа.
Неопходно е здружување. Сериозен капацитет за сериозни реализации. Потребна е соодветна организираност во убрзан процес, како би ги реализирале, афирмирале способностите кои ги поседувате. Да создадете капацитет кој се подразбира во пошироките простори.
Едновремено надминување на сопствените суети, транзициони заблуди. Професионален однос кон сопствените установи, застапеност со компетентни претставници.
Не се продавајте евтино. Не подлегнувајте на "Овуј фасаду има да го облечеш како Луи 14, а онуј го пресоблечеш да личи на Антоанету".
Светот ве гледа, ве вреднува, се подсмевнува, ви доделува реализација на проект или групно не изнајмува како евтина градежна послуга. Процесот за излез од овој "Гулаг" е тежок, сложен за сите, како и за нас градителите.
Ако грешам се извинувам.

Маја Илиевска-Пачемска
Фото: В.Тануровски


Текстот е прочитан 3525 пати.
#
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter