Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:30

Четврта изведба на мјузиклот "Тајно моја" во МОБ

Македонската Опера и балет ја закажа и четвртата изведба на мјузиклот "Тајно моја" во чест на Тоше Проески, на 19 април, од 20 часот.

Претставата е закажана поради големиот интерес на публиката, која го наполни МОБ на премиерата на 24 март и на двете репризи потоа. Режисер на мјузиклот е Тони Михајловски, а либретото е на текстописецот Огнен Неделковски, автор на текстовите на повеќето хитови на Тоше. Главните женска и машка улога ги играат младите пејачи Антониа Гиговска и Денис Димоски, како победници на музичкиот натпревар "Кастинг талент шоу". Во мјузиклот играат и актерите Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Дејан Лилиќ, Арна Шијак и Лазе Манасковски.
Сценограф е Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, а новите аранжмани на песните од Тоше ги направија Сони Петровски и Кокан Димушевски.
Темата во мјузиклот е забранета љубов. Приказната почнува во времето кога Тоше се појави на домашната музичка сцена, продолжува во времето кога тој стана најголема ѕвезда, сè до неговото трагично загинување и по него.
Билетите по цена од 600 денари се во продажба на билетарницата на МОБ или онлајн на њњњ.моб.мк и на њњњ.карти.цом.мк. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 641 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter