Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.03.2017, 13:59

Ги копираат финтите на Вардаци за да ги применат во Јуниор лигата

Над 650 момчиња и девојки во Вардар Јуниор лигата ги привлече страста за ракометот и желбата за натпревар.

Многу од децата кои редовно учествуваат на натпреварите кои ги организира нашата Ракометна академија Вардар, во ракометот ја гледаат својата иднина. А, можноста за редовни натпревари со своите врсници им помага да ги развијат ракометните вештини и да стигнат поблиску до својот ракометен сон.

Со Ферат, Стефан, Дамјан и Виктор редовно се дружиме на натпреварите во лигата. Момчињата играат за екипата на Општина Кисела Вода Вардар 2 во генерацијата 2002/03, а поголемиот дел од екипата се од скопската населба Драчево, освен Ферат кој живее во населбата Кисела Вода.



Ферат Хази, десниот бек во екипата ракомет почнал да тренира пред 1 година, а идол му е нашиот десен бек Игор Карачиќ.

 

Ферат Хази

    „Тренирав и фудбал и кошарка, но кога почнав да играм ракомет се роди едно сосема ново чувство. Не знам како да го опишам, но поинтересно ми е и поубаво се чувствувам на натпревар. Токму тоа и ми се допадна во Јуниор лигата, можноста да ги совладам ракометните вештини преку игра со врсниците. Лигата е одлично организирана, натпреварите се на време, имаме професионални судии, салите во кои играме се модерни, имаме и силни конкуренти. Имаме многу интересни натпревари на кои може многу да се научи, како и да се примени она што сме го вежбале на тренинзите", вели Ферат.

Според Ферат, најмногу на натпреварите му асистира центарот Виктор Митевски. Виктор ракометот го засакал на мали нозе.

Виктор Митевски

    „Тренирам околу 4 години, а почнав во клубот Метрополис, но кога се отвори школата во Кисела Вода се префрлив тука за да можам да се вклучам во Јуниор лигата. Ракометот го одбрав зашто одев на натпревари и го гледав брат ми како игра. Се решив да се обидам и јас и добро ми тргна. Две години по ред учествувам во лигата, но мислам дека годинава ми е поинтересно зашто сме покомпактна екипа за разлика од претходната година. Идол ми е Игор Карачиќ, и двајцата играме на иста позиција центар. Редовно ги следам натпреварите, гледам како игра и се обидувам да научам нешто и да го применам на натпревар. Се обидов и денеска на натпреварот, но тешко е. Ми недостига уште кондиција и мислам дека треба уште многу тренирање, но сакам тоа да го правам. Како екипа имаме голема желба за победа и мислам дека тоа ни е главната мотивација пред натпревар", вели Виктор.

Момчињата тренираат три пати неделно во салата „Круме Кепески" во Кисела Вода со тренерите Стефче Василевски и Велимир Настески. Велат дека тренерите работат со нив, ги мотивираат да бидат подобри, а годинава се и поуспешни во однос на минатата година. Според Стефан Анастасовски причината за подобрите резултати е што целата екипа заедно тренира. Стефан тренира две години, а игра на позицијата лев бек.

Стефан Анастасовски

    „Ова ми е втора година во лигата, и годинава сме подобри. Лани бевме споени со друга екипа од Општина Кисела Вода Вардар и тоа влијаеше на нашата игра, но сега сме посебна екипа и подобро сме воиграни. Подобри сме од лани зашто заедно тренираме, и знаеме што сме тренирале и се обидуваме тоа да го примениме на натпреварите. Добра екипа сме, сите се дружиме и се мотивираме меѓусебно да бидеме подобри на натпревар. Инаку во лигата ми се допадна тоа што играме со врсници и што Ракометната академија Вардар преку лигата ни даде шанса да се надградуваме", вели Стефан.

За пикерот во екипата Дамјан Соколовски најголем предизвик им се екипите на Преспа и Кале.

Дамјан Соколовски

    „Имаме желба да ги победиме, но како на тим потребна ни е поголема сила во одбрана, а имаме добар напад. Тренираме напорно со нашите тренери, и за себе можам да кажам дека годинава сум веќе напреднат во однос на играта. Како екипа имаме убав тимски дух, се дружиме, најмалку еднаш неделно излегуваме заедно, одиме во кафулиња и слично. Повеќето од момчињата во екипата сме од Драчево и желба ни е од следната година да настапуваме како Драчево", вели Дамјан.

Неговиот идол е Стојанче Стоилов и вели дека редовно го гледа на натпреварите, или во сала во спортскиот центар „Јане Сандански" или преку телевизискиот приемник.
За момчињата од Општина Кисела Вода Вардар 2 можете да навивате во следното, осмо коло од Вардар Јуниор лига.


Текстот е прочитан 610 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter