Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 13:58

НЕСЕКОЈДНЕВЕН СПОЈ НА УБАВИНА И НА УМ

Марта - меѓународен иноватор со готски стил

Марта Димоска е првата Македонка која на само 22-годишна возраст паралелно работи со многу реномирани институти и компании.

Покрај тоа што се образова на Технолошко-металуршкиот факултет, зад себе го има и "Глобал уград програм", каде што беше финалист и стипендист на Кент Стејт јуниверзити и каде што со просекот заврши на деканската листа. Мартина има студирано мехатроника, роботика и вградени системи на "Њуменс бизнис-акцелератор".
На натпреварите "НАСА спејс епс челинџ" - Македонија, го зеде првото место со својот тим во 2014 година. Подоцна двајца од тимот се пласираа во категоријата за јуниор ментори, заедно со другите помлади и постари ментори, каде што се пласираше Марта како најмлада по години.
Марта е позната и по освоеното прво место во 2015 година, со својот тим, на "УНДП климате челинџ - твојот град од тебе зависи", каде што подоцна креираа смарт сол прототип, односно влошки за обувки кои при чекорење генерираат електрична енергија. Тимот вршеше менторски сесии и помагаше на тој натпревар во 2016 година.



Оваа млада девојка ужива во лабораториската работа. Има учествувано на конгреси, меѓу кои и на Студентскиот конгрес по чиста и примената хемија, кој се одржа на Природно-математичкиот факултет, под менторство на проф. д-р Билјана Анѓушева.
Најнова иновација на Марта е т.н. тул флипинг џиг, кој го помага процесот за складирање и за испитување повеќе компоненти. Индустриска примена има онаму каде што е потребен полесен процес на складирање и на испитување компоненти од различна големина како, на пример, бургии. Периодов таа активно соработува на неколку проекти и институти, а најновата иновација ја има креирано тимски, на Кент Стејт јуниверзити. Тестирана е и користена во фабриката "АТА-груп".

Готски стил за насловните на светски списанија

Скромноста и посветеноста на работата не се единствените доблести на оваа девојка. Освен што е активен волонтер, огромен хуманитарец и константно врши акции од својата единаесетгодишна возраст, оваа девојка има и интернационална модна кариера, каде што соработува со истакнати модни куќи и со реномирани брендови од алтернативните супкултури и активно пропагира винтиџ и готско стилско изразување низ фотографиите. Красела многу насловни страници на интернационални списанија и често тврди дека во нејзиниот живот мора подеднакво да се застапени и науката и уметноста и дека не би можела да функционира само со едното, а без другото. Како перфекционист, активно го формира имиџот на комплетна жена и е репер за тоа дека една девојка може да биде неповторлив спој на убавина, интелект и на поинакво иновативно размислување.


Текстот е прочитан 915 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter