Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2017, 13:48

ПО АВСТРАЛИЈА ОПЕН, ШВАЈЦАРЕЦОТ СЛАВЕШЕ И ВО ИНДИЈАН ВЕЛС

Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула

Откако триумфираше на Отвореното првенство на Австралија, Роже Федерер надмина уште еден рекорд во својата неверојатна кариера, станувајќи најстар освојувач на Мастерс турнир.

Триесет и петгодишниот Швајцарец го совлада Станислас Вавринка со 6:4, 7:5 во финалето на Индијан Велс, што е негова петта титула од овој турнир, колку што има и Новак Ѓоковиќ. Исто така, тој го надмина Андре Агаси, кој беше четири месеци помлад кога го освои Синсинати во 2004 година.
- Ова беше недела од бајките. Чувството е прекрасно. Можеби, ова не е изненадувачки како триумфот на Австралија опен, но одлично е што им се вратив на победите и во Америка. Тотално ги надминав моите очекувања на стартот на годината, ова е неверојатен старт - изјави Федерер, откако ја освои 25. Мастерс титула, а вкупно 90. во кариерата.
Тој има само еден пораз од почетокот на годината, а својата одлична форма ја покажа токму во Индијан Велс, каде што му требаа само 70 минути за да го совлада Рафаел Надал.
Елена Веснина ја освои титулата во женска конкуренција, најголема во нејзината кариера, откако во финалето ја победи Светлана Кузнецова со 6:7, 7:5, 6:4.


Текстот е прочитан 706 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter