Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 18:19

СПОРЕД ПОРТАЛОТ ЕВРОПСКИ ЗАПАДЕН БАЛКАН

Американските амбасадори остануваат до крајот на 2017 или почеток на 2018

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги смени амбасадорите што ги именувала претходната администрација не се однесува ниту на еден американски дипломат на служба во Западен Балкан, бидејќи ниту еден од нив не е политички именуван, пишува порталот "Европски Западен Балкан".

Со други зборови, амбасадорите на САД од регионот нема да бидат вратени во земјата со декрет туку ќе останат до истекот на мандатот, иако речиси на сите мандатот им завршува кон крајот на оваа или на почетокот од следната година.
Имено, Трамп уште во декември, веднаш по изборот за Претседател, ги повика сите амбасадори кои се политички именувани, да ги напуштат своите функции најдоцна до 20 јануари, што предизвика збрка во дипломатската заедница и во медиумите, кои проценија дека станува збор за голем број амбасадори.



Информацијата дека амбасадорите ќе мора да ги напуштат своите функции ја заинтересира и јавноста на Западен Балкан, бидејќи американските дипломати во тие земји во најшироката јавност се доживуваат како значајни политички актери на домашните сцени, пренесува Танјуг.
Факт е, меѓутоа, дека сите високи дипломати во земјите од регионот се дипломати од кариера, кои немаат врска со старата или со новата администрација, а во земјите од регионот, освен амбасадорот во Србија, сите дошле на почетокот на 2015 година, посочува порталот.
Бидејќи мандатот им трае околу три години, може да се очекува дека новите амбасадори во земјите од Западен Балкан ќе дојдат кон крајот на оваа или на почетокот од следната година.


Текстот е прочитан 931 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter