Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 12:21

Почина доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова

На 86-годишна возраст во неделата, во Скопје, почина доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова Димитрова.

Параходот заминаа, Легнала Ѓурѓа на рамно гумноо, Со маки сум се родилаа, се само некои од многуте македонски изворни народни песни што ги испеа Лазарова. Најголемиот дел се снимени во продукција на МРТ.
Вања Лазарова беше родена на 27 април 1930 во село Страцин, Кратовско. Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни Танецц.
Настапувала на голем број концерти на повеќе континенти, а пеела и во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Има голем придонес и во соработката со групата Анастасијаа за музиката во филмот Пред дождотт кој во 1994 година освои Златен лавв во Венеција.
Впечатливиот глас на Вања Лазарова ќе остане дел од македонското музичко наследство.



Идните генерации ќе живеат со песните на Вања

По повод смртта на доајенот на македонската изворна музика Вања Лазарова, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера упати телеграма со сочувство до нејзиното семејство, во која го изразува своето жалење за загубата на оваа маркантна личност која со своето повеќедецениско дејствување ја промовираше македонската култура и уметност на национално ниво, но и во меѓународни рамки.
- Со голема тага ја примив веста за смртта на македонската музичка легенда Вања Лазарова. Нејзиното заминување претставува непроценлива загуба за македонската култура и за македонската држава воопшто. Сите сме горди на нејзиното обемно творештво, а идните генерации ќе живеат со нејзините песни. Публиката со особено задоволство ќе го памети златниот глас на македонската народна песна, нејзините врвни уметнички изведби на музичките бисери Со маки сум се родилаа, Што да правам, што да чинамм, Калеш Дончоо и многу други остварувања во кои покажа дека е уметник со особен вокален капацитет, изведувач со впечатлива креативна енергија која секогаш, со задоволство, беше препознаена на сцената и поздравена од нејзината многубројна публика, се вели во телеграмата.
Со виртуозноста во интерпретацијата, со нејзината едноставност, искреност и бескрајна љубов кон македонската песна Вања Лазарова, како врвен музички амбасадор, континуирано ја презентираше македонската музика на сите меридијани, за што и должиме длабока почит. Македонската култура никогаш нема да ја заборави. Нека почива во мир, стои во телеграмата на министерката Канческа-Милевска.


Текстот е прочитан 539 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter