Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 13:59

НА ДЕНЕШНИОТ РЕВАНШ ОД ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПРОТИВ ПСЖ

Барселона верува во чудо

Фудбалерите на Барселона се осмелуваат да веруваат во чудо на вечерашниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ, иако тоа значи дека мора да надминат негатива од дури четири гола, што досега не $ успеало на ниту една екипа.

По шокантниот пораз од 4:0 во Париз, нападот на Барса повторно проработи, постигнувајќи дури 11 гола на последните две средби во Примера, а големи надежи се полагаат и во сензационалната форма на Лео Меси.
- Ќе дадеме сè од себе, од првата до последната минута. Ќе се обидеме и да се надеваме дека можеме да направиме чудо - вели Иван Ракитиќ.
И Луис Енрике, кој, во меѓувреме, најави дека си заминува од клупата на Барселона, се надева дека неговата екипа може да ја искористи одново пронајдената форма.
- Ако треба да изберам начин на кој сакам да играме против ПСЖ, тоа би била играта од последните две средби, кои беа некои од нашите најдобри партии во претходните неколку месеци. Имам нескршлива верба дека можеме да поминеме. Мислам дека сме во доволно добра форма за да не се откажуваме предвреме - кажа Енрике.
Откако во групната фаза постигна рекордни 21 гол, Борусија Дортмунд доминираше и против Бенфика во Лисабон, но оттаму се врати со незаслужен пораз од 0:1. Затоа тренерот Томас Тухел е голем оптимист пред денешниот реванш, иако нема да може да смета на Марко Ројс, кој се повреди и ќе паузира еден месец.
- Полни сме со самодоверба. Атмосферата во тимот е одлична. Мислам дека екипата во моментов се наоѓа во навистина добра фаза - вели Тухел.


Текстот е прочитан 519 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter