Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.01.2017, 14:19

Гонзалес: Сега треба да уживаме, а подоцна да се фокусираме на талентите

Во очекување на натпреварите од вториот дел од сезоната од Вардар Јуниор лигата, ги средуваме спомените од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов“, кој годинава се одржа по третпат во организација на Ракометната академија Вардар.



На наше големо задоволство на натпреварите учествуваа над 1200 деца, а дел од нив имаа можност да се дружат и да покажат што знаат пред нашите врвни тренери, како и пред мноштво ѕвезди од македонскиот ракомет, како и од нашите сениорски тимови. Турнирот, како најмасовен во Македонија, се одржуваше два викенда, а учествуваа момчиња и девојчиња од генерациите 2000/01, 2002/03, 2004/04, 2006/07 и 2008/09.

За родителите и децата изненадување беше што на трибините во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански" беше тренерот на Вардар сениори Раул Гонзалес, кој заедно со ќерките присуствуваше на натпреварите во мини ракомет, и тоа кај најмалите ракометари во нашите регионални единици - генерацијата 2008/09.



    „Ова беше многу добар турнир, зашто ако сакаш да успееш со првата екипа, ти требаат и млади кои играат ракомет. Имаше многу деца кои се забавуваа преку ракометот. Турнирот беше супер зашто сите многу уживаа. И мојата ќерка беше тука и уживаше, и сака да игра повторно. Мислам дека на осум или девет години треба да уживаш ако сакаш да спортуваш, а подоцна треба да се фокусираме и на талентите. Но, на почетокот треба да биде како што беше нашиот турнир, на кој имаше многу добра атмосфера. Родителите беа во публиката и уживаа во дружба со децата. Многу добро поминат викенд", вели Раул Гонзалес.

Дечињата ни приредија интересна игра и уште позабавна дружба која успеа да извлече насмевки и кај највоздржаните родители, а тренерот трпеливо гледаше дали на теренот може да се насети некој иден репрезентативец или ракометна ѕвезда.

Највеселиот учесник на натпреварите од мини ракомет, освен децата, беше нашата Индира Кастратовиќ, една од најдобрите репрезентативки на македонскиот ракомет, како и поранешен тренер на нашата сениорска екипа и актуелен координатор за женските селекции.
Кастратовиќ го разбуди детето во себе, и како судија ги претвори натпреварите во мини шоу, од кои децата си заминаа со мноштво спомени и насмеани лица.



    „Јас и кога почнав да работам со мојата школа, се потврди дека најубаво е да се работи со деца, зашто тоа е и забава. Големо богатство е што имаме турнир, како „Еден живот, една љубов", и што е вака осмислен и организиран. Треба да се продолжи и ќе излезат добри спортисти. Најмладите учесници, пак, се на возраст на која треба да го засакаат ракометот, овие натпревари треба да се забава за нив, дружба, запознавање со спортот, а не вистински натпревар", рече Кастратовиќ, и остана на теренот да се забавува со децата, не криејќи ја желбата да им покаже на децата дека пред с? треба да се забавуваат.

Вториот ден од натпреварите, расположението во салата го подигна и присуството на вардаровите ракометарки Барбара Лазовиќ, Андреа Човиќ и Тамара Мавсар.


Тамара Мавсар


Барбара Лазовиќ


Андреа Човиќ

Ракометарките беа судии на натпреварите во мини ракомет кај генерацијата 2006/07. Девојките судеа, се фотографираа со децата, делеа автограми, а на крајот за време на завршната церемонија ги делеа и медалите на оваа генерација учесници.


На трибините, во публиката беше и голманот на нашиот шампион Арпад Штербик, кој овојпат се најде во улога на навивач.



На моменти насмеан, а на моменти и изненаден од играта на ќерката и на синот, Штербик уживаше во амбиентот во малата сала. Особено кога неговиот син застана да брани пред голот. Голманот не помина незабележан од најмладите фанови, кои ја искористија можноста да разменат со него по некој збор.



Правда со судиското свирче делеа и тренерите на нашите Вардар – младинци, Слободан Чивлачки и помошникот Кристијан Грчевски, кои беа дел и од церемонијата на делење на медалите.


Слободан Чивлачки


Кристијан Грчевски

На паркетот присуствуваше и поранешната репрезентативка и актуелен тренер на Вардар – пионери Андријана Будимир, но овој пат со момчињата и девојчињата од ракометната школа Будимир Вардар.



И поранешната македонска репрезентативка и европски шампион Валентина Радуловиќ беше дел од турнирот. Радуловиќ, заедно со Слободан Чивлачки, се дел од тимот тренери во ракометната школа Шампион Вардар, која е дел од нашата Ракометна академија Вардар.


Текстот е прочитан 1107 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter