Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.02.2017, 13:56

СРПСКИОТ ФОЛК-ПЕЈАЧ МИРОСЛАВ ИЛИЌ ГО НАЈАВИ СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ

Не верував дека и во Македонија ќе завладее турбо-фолкот

Легендарниот српски фолк-пејач, Мирослав Илиќ, вчера беше во Скопје. На прес-конференција, го најави концертот, кој ќе се одржи на 11 март, во "Метрополис арената" и кој е почеток на славеничката турнеја, 45 години на сцената.

"Ова нема да биде класичен концерт. Замислуваме сцената да биде претворена во една голема кафеана, со маси и со столчиња, што значи дека не се продаваат билети за стоење", најави Александра Тимковска од тимот за односи за јавност на концертот.
"Ве поканувам на голема журка, на емотивно патување низ времето. Концертот репертоарски ќе биде сличен на претходните, но јас сакам да кажам дека во Скопје не доаѓам на концерт, туку на журка", изјави Мирослав Илиќ, кој лани во декември наполни 66 години, и го прослави тоа со два концерта во Белград.
Тој додаде дека кога почнувал, пред 45 години, не ни сонувал дека ќе успее да остане олку долго во музиката.
"За моите години, се однесувам и живеам многу релаксирано. Голем филмофил сум, знам сам да отидам во кино и да изгледам некој најнов филм. Мојата сопруга, пак, не сака, па не ме дружи", додаде Илиќ.
Тој и неговата сопруга Гордана се запознале на Електротехничкиот факултет во Скопје, каде што двајцата студирале.



"Кога влегувавме во брак, таа имаше 18 и пол, а јас дваесет години. Сега можам комотно да кажам дека тогаш воопшто не сме се познавале. Бевме деца, но со текот на годините се запознававме, изградивме однос, а нè одржаа големата љубов и компромисот, кој е неопходен".
Гостин на скопскиот концерт ќе биде македонскиот фолк-пејач Ефто Пупиновски. Забавата ќе трае четири часа.
"Јас многу го сакам стариот македонски мелос и затоа не можам да поверувам дека и во Македонија стана популарна и завладеа онаа музика, оној турбо-фолк, кој во Србија се појави на почетокот од деведесеттите. Мислев дека Македонија нема да се даде така лесно", рече Мирослав.
За крај, раскажа дека не пее македонски песни, како многу од неговите колеги, само за да се докажува.
"Во тие песни се бара душа, емоција, која јас ја чувствувам кога ги слушам, а, за жал, не можам да ја дадам додека пеам. Ја немам таа генетика, нека ми биде простено".

М. Џаровска
Фото: В. Тануровски


Текстот е прочитан 1517 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter