Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2017, 13:54

Здравје и убавина

5 трикови што секоја женска мора да ги знае

Спремете залачиња

За добро да се чувствувате кога сте сами дома пред телевизорот, но и ако случајно ви дојдат ненајавени гости: Во замрзнувачот секогаш мора да имате сладолед и кроасани кои само треба да се стават во рерна...
Во фрижидерот тегла маслинки и тврд сув кашкавал...
... а во шкафчето крекери, пченкарен чипс и салца, грицки со лушпа. Добра идеја е да испржите бадеми на малку маслиново масло и да ги посолите. Ако сакате да имаат необичен вкус, додајте цимет.

Научете да ракувате со нож како професионалец

Придржувајте ги продуктите со врвовите на прстите за да можете да ги испружите прстите и да го туркате продуктот.
Сечете со движење кое личи на клацкање; важно е продуктот да стои стабилно на штицата и штицата да е убаво легната врз подлогата.
Не кревајте го ножот превисоко од штицата; сечете полека и концентрирано, така што продуктот ќе го туркате со рака, а со ножот изведувате движења слични на клацкање.

Уредете си го домот во свој стил

Сакате минималистички стил и модерни линии? Ви се допаѓаат романтични и рустикални ентериери со доста кич - бидејќи ги поистоветувате со идејата за топол дом?
Ако уште не сте пронашле свој стил, прелистајте некои списанија за ентериер или погледнете на Интернет. 
Ако сакате старински мебел, изгребете од баба ви стара сингерица, кујнски столови и слично. Можете малку да ги дотерате и - ете шик простор!
Ако сакате модерен мебел, држете се до рамните линии, а ако сте романтичен тип, изберете повеќе декоративни детали и позаоблени форми.



Исчистете го станот за половина час!

Средувањето е најголема мака? Не е точно! Само треба добро да се организирате.
Почнете од бањата. Избришете го огледалото, лавабото и плочките, сменете ги крпите и испразнете ја корпата.
Продолжете со дневната соба; прво фрлете го ѓубрето, старите весници и слично, поправете ги перничињата, набрзина избришете прашина и исчистете со правосмукалка.
И на крај - кујната. Избришете ги работните површини и измијте ги садовите. И - готово!

Отстранете ја дамката од црно вино

Посипете ја дамката со сол: овој стар трик навистина успева! Врз солта налејте малку минерална вода и истријте.
Или прелијте ја дамката со бело вино. Важно е да реагирате што побрзо.



Текстот е прочитан 2767 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter