Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.04.2017, 17:20

Иванов за „Винер Цајтунг“: Тиранската платформа со еден удар го уништи договорот од Пржино

Тиранската платформа доведе до институционална криза, блокада за Влада, неизбор на претседател на Собрание, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за виенскиот дневен весник „Винер цајтунг“.

Во интервјуто Иванов изразува разочараност од ЕУ, поради отсуството на осуда за тиранската платформа, со која според него, се уништил договорот од Пржино.

- ЕУ е импотентна и без моќ. Тие го водеа целиот процес и го донесоа Пржинскиот договор од 2015 година со кој требаше да излеземе од кризата. Но, Тиранската платформа доведе до институционална криза, блокада за Влада, неизбор на претседател на Собрание. Европската унија и Америка беа вклучени со цел да се реши политичката криза. Но тие не ги осудуваат оние што им го попречија решавањето на политичката криза и што создадоа институционална криза. А тоа се Еди Рама и албанските политичари, кои им го срушија целиот труд овие две години. Тиранската платформа со еден удар го уништи договорот. Сега сме во институционална криза, што нема врска со Пржинскиот договор, истакнува Иванов за „Винер цајтунг“.

Во интервјуто претседателот Иванов јасно посочува дека Македонија нема поинаква стратешка цел од членството во ЕУ и НАТО.

Во однос на прашањето дали САД треба да заземе водечка улога на Балканот, Иванов вели дека Америка веќе не е онаа Америка што некогаш беше.

- Америка веќе не е онаа Америка што некогаш беше. Мислам дека времињата на Пакс Американа изминаа. Овде имавме Пакс Романа, па Пакс Отомана, па Пакс Американа. Оттогаш чекаме на Пакс Еуропа. Но, досега без успех, вели Иванов.

На прашањето како ја гледа новата администрација на САД под новиот претседател Доналд Трамп, Иванов одговара дека на Трамп треба да му дадеме време.

Прашан за коментарите од руското МНР за случувањата во Македонија, Иванов со став дека Русија никогаш не се мешала во Македонија, дека само го искажала своето мислење и оти тоа е легитимно.

Во однос на претстојното австриско претседателство со ОБСЕ и можното засилено влијание на Австрија во регионот, претседателот Иванов вели дека Австрија е голем пријател на Македонија.

- Австрија е голем пријател на Македонија, но ОБСЕ е немоќна. Таа остана во 20 век. Ние веќе долго време сме во 21 век, истакнува претседателот Иванов.


Текстот е прочитан 569 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter