Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.03.2017, 15:10

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се блиски и соработуваат со лица од подземјето

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев дека се блиски и соработуваат со лица од криминалното подземје, а во врска со последната полициска акција, спороведена вчера против лица од Прилеп, Битола и Арачиново.

– Јавноста вчера беше сведок дека уште еден лик од подземјето, близок пријател на аболицираниот криминалец Зоран Заев, бил инволвиран во нелегална трговија со дрога. Истиот тој честопати е во придружба на Зоран Заев и се фотографира со него, а според информациите кои беа објавени е брат на првиот човек на СДСМ во Арачиново. Има ли поголем доказ за тоа на кој начин работи и се финансира криминогеното раководство на СДСМ – рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ова „не е прв случај најблиските соработници на Заев да бидат фатени за криминалот што го прават“.

– Близок пријател на Зоран Заев е Сеад Рахиќ – Сетко, уапсен од полицијата за организирање на криминална група за продажба на кокаин во Скопје. Соработник на Зоран Заев е Захир Бекири – Чауш кој беше раководител на т.н. „Фабрика за афери“ на СДСМ. Зоран Заев соработува и со Харун Хаџибулиќ кој е познат припадник на скопското криминално подземје. Соработници на Зоран Заев се и Даниел и Дејан Трајковски кои во скопското криминално подземје се познати како близнаците од Ѓорче Петров. Сето ова укажува за начинот на кој што работи аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ – изјави Ѓорѓиевски.


Текстот е прочитан 505 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter