Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:41

Здравје и убавина

Лимон - совршена природна козметика

Маска за чистење на масна кожа

Изматете снег од една белка. Додадете по една лажичка лимонов сок, млеко и мед. За да се згусне смесата, додадете и малку брашно од овес. Маската ставете ја на лицето и вратот да стои 15-20 минути, а потоа топла облога. Лицето исплакнете го со ладен чај од камилица.

Маска за затегнување на брчките

Изматете цврст снег од една белка. Додадете една лажичка лимонов сок и нанесувајте ја маската во слоеви онака како што се суши на лицето, на секои пет минути. Отстранете ја маската со тампони од вата потопени во топол црн чај.



Маска за свената кожа

Изматете жолчка со една лажичка масло. Додадете неколку капки лимонов сок и малку црн чај. Нанесувајте ја маската на лицето и на секои пет минути исплакнете ја со чај од камилица.

Витаминска течност за омекнување на рацете

Измешајте во исти количества лимонов сок, глицерин и машки парфем. Ова е одлично средство кое повторно ќе ги направи вашите раце мазни и нежни.

За убави нокти

Ако ноктите се кршат корисно е наутро и навечер да ги мачкате со лимонов сок. Траењето на третманот е седум дена.
За омекнување на кожата на рацете и за јакнење на ноктите помага купка од масло со додавање на лимонов сок. Правете ја оваа процедура пред спиење, а рацете не мијте ги, туку преку ноќ ставете ракавици од памук. Утредента рацете ќе изгледаат многу помлади.
Лимоновиот сок може да ги избели ноктите од никотин.
Лимоновата кора е одлично средство за полирање на ноктите.


Текстот е прочитан 2623 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter