Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 10:47

ХАН ЌЕ МОЛЧИ ЗА ПЛАТФОРМАТА ОД ТИРАНА

Меѓународен притисок за мандатот за сметка на Уставот

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува следната недела да дојде во посета на Македонија, во обид да го забрза процесот за излез од политичката криза.

Доаѓањето на Хан во Македонија е резултат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го даде мандатот за состав на влада, се додека не се отфрли платформата од Тирана. Извори од Европската комисија, неофицијално, брифираат дека Хан ќе се обиде да го убеди Иванов да се премисли и да му го даде мандатот на Зоран Заев.

Според досегашните изјави на портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, Брисел не гледа проблем во платформата иницирана од премиерот на Албанија Еди Рама.

Напротив, таа неодамна изјави дека ЕК очекува брзо формирање нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на итните реформски приоритети. На реакцијата дали официјален Брисел поддржува вмешување на странски премиери во внатрешните работи на друга држава, Коцијанчич ја сподели истата изјава и со главниот портпарол на Еврокомисијата Маргаритис Схинас, притоа констатирајќи дека се кристално јасно.

Оттаму, дипломати брифираат дека и ставовите на Хан во вторник ќе бидат кристално јасни. Хан, веројатно, нема да ја осуди платформата и нема да го осуди мешањето на Еди Рама во внатрешните работи на Македонија.

Идејата, велат дипломатите, е пра- шањата да се решаваат како граѓански, договарани меѓу политичките страни во државава, а не договарани надвор. Обидот е, посочуваат, да се укаже дека платформата е нереална, и оти треба да се тера со пржинскиот договор, во кој нема збор за платформата. Тоа дека договорот од Пржино останува добра основа за надминувањена политичката криза во земјава, во средата изјави и американскиот амбасадор Џес Бејли, додавај- ќи притоа дека овој договор е добра основа за да одиме напред. Тој и додаде дека одлуката за тоа треба да ја донесат граѓаните, односно политичките лидери во земјата.

"Зборувавме за ова многупати, не знам дали има Пржино еден, два, три. Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреш и со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред", рече Бејли.

Во оваа насока беа и изјавите, деновиве, на некои полити- чари.

"Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници - СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии, ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во Собрание, без претходен договор. Да не одиме во Собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцости и навреди туку да одржиме седница, на која ќе се изберат комисија за назначување и претседател на Парламентот", рече лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервјуто за РТВ 21.

Дипломати за "Вест" брифираат дека главниот фокус на средбата на Хан со Иванов ќе бидат демократските правила, кои налагаат влада да формира оној кој има мнозинство, притоа прифаќајќи ја забелешката на Претседателот за платформата. Одлуките, додаваат дипломатите, зависат од македонските политичари, а меѓународните претставници се тука да помогнат.


Текстот е прочитан 1471 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter