Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 21:23

Интервју со проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор во "Аџибадем Систина"

Воведовме нови стандарди во здравството

За седум години 450.000 пациенти, а секојдневно се зголемува бројот на пациенти, не само од Македонија туку и од целиот регион, вели проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор во "Аџибадем Систина", по повод 7 години од отворањето на болницата.

- Клиничката болница "Аџибадем Систина" одбележува 7 години од отворањето. Што значи за пациентите постоењето на оваа приватна клиничка болница во однос на здравствената услуга?

Визијата на болницата "Аџибадем Систина" е јасно поставена уште во првите денови од отворањето, а тоа е обезбедување врвна медицинска грижа според светски признати стандарди. Го поставивме пациентот во фокусот на вниманието, и сe што правиме, секој нов процес, нова процедура, нова инвестиција во опрема и во кадар е со цел подобра и поквалитетна услуга за пациентите. Во изминативе седум години, Клиничката болница "Аџибадем Систина" докажа дека секоја здравствена институција може да работи по примерот на светските здравствени центри и да ги применува светски признатите стандарди во третманот на пациентите. Воведовме мултидисциплинарен пристап во третманот на пациентите, кој дава одлични резултати, не само во дијагностицирањето туку и во планирањето на понатамошниот третман.

- "Аџибадем Систина" во изминативе години ги зголемуваше капацитетите и воведе нови процедури, вклучувајќи го и првиот приватен ПЕТ/КТ центар во регионот.

Нашата цел е да бидеме пионери во регионот во однос на технологија, интервенции, медицински тим. Го отворивме првиот приватен ПЕТ центар во регионот, создадовме прв приватен специјализиран центар за третман на пациентите со малигни болести. Инвестиравме во моќниот акцелератор "трилоџи", од изминатата година единствени сме и со апаратот за магнетна резонанца "3 тесла", кој донесе нова ера во дијагностицирањето. Воведовме ласерски третман на зголемена простата со помош на "грин лајт" ласерот. Пионери сме и во воведувањето на нови ИВФ процедури, минимално инвазивни хируршки интервенции, со кои се скратува времетраењето на третманот и времето на закрепнување на пациентите.

- Изминатата година болницата ја доби престижната акредитација за ЈЦИ. Колку тоа придонесе за зголемување на квалитетот на здравствената услуга?

Накратко, поседувањето на оваа акредитација значи високопрофесионална здравствена услуга, безбедност и квалитет во секој болнички процес. Поставувањето на работа според овие стандарди значи професионалност, предвидување и избегнување на сите потенцијални ризици за здравјето на пациентот, информираност на пациентот и на семејството за процесот на лекување, елиминирање на медицинските грешки, точно утврдени правила на работа за секој вработен.

Со акредитацијата, "Аџибадем Систина" воспостави нов стандард во здравствениот систем во Македонија.

Добивањето акредитацијата беше голем предизвик за нас. Сега секој од нас работи на исполнување на стандардите и на нивно одржување. Акредитацијата беше потврда на успехот и процесот на имплементација на сите стандарди на кои болницата работеше во изминатите 3 години.

- Измината година инвестиравте и во отворање на поликлиника.

Да, "Аџибадем Систина" ја отвори првата поликлиника во Битола. Нуди медицински услуги од педијатрија, гинекологија и акушерство, интерна медицина и кардиологија, дневна болница за возрасни и педијатриска дневна болница. Со оваа инвестиција, врвната медицинска грижа стана подостапна за пациентите од Битола и од регионот. Покрај редовните доктори, во поликлиниката прегледи и консултации изведуваат и докторите од Клиничката болница "Аџибадем Систина", со што пациентите немаат потреба да патуваат до Скопје.

- За седум години, регистрирани се 450.000 пациенти. Како гледате на ова?

Горди сме што пациентите ја препознаа нашата визија и што ни го доверуваат нивното здравје и здравјето на нивното семејство. Изминативе седум години 450.000 пациенти биле дел од нашиот систем. Секојдневно се зголемува бројот на пациенти, не само од Македонија туку и од целиот регион. Клиничката болница е подготвена да одговори на специфичните барања на различни групи пациенти. Покрај лекувањето на заболувањата, развивме и систем кој нуди превентивна медицина, и среќни сме што се зголемува свесноста на пациентите за редовни превентивни прегледи, со цел навремено откривање на болестите и водење здрав живот.


Текстот е прочитан 1203 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter