Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.03.2017, 19:03

Могерини: Иванов да ја преиспита и повлече одлуката во интерес на граѓаните

Демократските правила предвидуваат почитување на волјата на мнозинството. Бараме од претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука во однос на доделувањето мандат за формирање влада, изјави вечерва во Скопје високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини.

- Не е на ЕУ да го покаже патот за излез од кризата, но како пријател којшто се грижи за оваа земја, сакаме да укажеме на работите кои не загрижуваат во овој момент, а коишто веруваме претставуваат сериозно кршење на демократските принципи и на демократскиот дух на Уставот на оваа земја. Верувам дека би било невозможно за кој било да убеди некого со демократски речник дека на мнозинството пратеници во парламентот кои го претставуваат мнозинството граѓани во унитарна држава не им се дозволува да формираат влада. Тоа е закана за владеењето на демократијата, претставува кршење на правилата на демократијата, не е во согласност со демократските принципи, а исто така не е во согласност ниту со евроатлантските интеграции кои се сметаат за приоритет од страна на сите политички лидери и на самиот претседател. Знам дека се вистински приоритет и за сите граѓани, рече Могерини.

Според Могерини, ова е и порака од НАТО Алијансата, посочувајќи дека пред посетата на Скопје имала средба и на оваа тема разговарала со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Таа нагласи дека од претседателот Иванов побарала да размисли и да ја повлече одлуката во интерес на граѓаните и на земјата.

- Побарав од претседателот да размисли за одлуката, да ја повлече во интерес на сите граѓани на земјава и како што е наведено и во Уставот да го довери мандатот на кандидатот на партиите кои имаат мнозинство во Парламентот. Ова е Уставот на оваа земја и очекуваме да биде почитуван, порача Могерини.

Шефицата на европската дипломатија во рамки на нејзината еднодневна посета на Скопје денеска имаше средби со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот, со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а се сретна и со претставници на невладиниот сектор. Се очекува таа вечерва во МОБ да има средба со студенти со што ќе ја заокружи посетата на Македонија. Од Скопје, според нејзината првична агенда, шефицата на дипломатијата на ЕУ се очекува да замине за Белград.


Текстот е прочитан 1289 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter