Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.03.2017, 12:31

МОДЕЛОТ МИА ГАВРИЛОСКА САКА ДА СТАНЕ ПЛАСТИЧЕН ХИРУРГ

Убавица меѓу докторките

Навидум џетсетерка, интересно облечена, со голем број суптилни модни детали на себе. Првиот впечаток за Миа Гаврилоска е токму ваков: девојка која ги сака и ги следи модните трендови.

Таа е четврта година во скопската гимназија "Јосип Броз Тито", а веќе е убедена дека по матурирањето ќе студира медицина. Тоа значи дека нејзината поранешна преокупација, манекенството ќе го замени со хуманава професија.
"Ги почитувам сите професии, бидејќи мислам дека секоја професија си има своја тежина. Себеси се гледам како лекар, а особено ме привлекува пластичната хирургија. Лекарите ги сметам за несебични луѓе, кои ги сакаат другите, го даваат својот максимум за да помогнат на беспомошен, болен човек. Да, понекогаш физички се истоштени, а претпоставувам и емотивно, но внатрешно се исполнети", вели Миа.
Таа го сака животот, сака да се дружи и има многу пријатели.
"Не би зборувала многу за себе, сепак, тоа ќе го оставам на оние што добро ме познаваат. Личност сум која ги сака животот, пријателите и дружењето. Постојано патувам, сакам да видам нови нешта, да уживам во нив, да осознавам нови култури, народи. Сето тоа нè оддалечува од сите предрасуди. Јас немам никакви предрасуди, без разлика дали станува збор за расни, религиски, општествени предрасуди, предрасуди за избор на партнер. Суштината на животот е да сте среќни. Не ги сакам непожелните судови насочени кон луѓе или одредена личност. Шетајќи низ различни држави, гледам дека е постигнат напредок во борбата против предрасудите. Сакам околу себе да гледам среќни и насмеани луѓе. Не ги сакам себичните луѓе, оние што живеат само за себе, за својата индивидуална среќа. Среќни сме кога заедно уживаме, не правиме неправда, правилно постапуваме и споделуваме меѓу себе", додава Миа.


Текстот е прочитан 3693 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter