Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.03.2017, 14:01

ПОП-ЅВЕЗДАТА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЈАВНОСТА

Северина во трет месец од бременоста

Хрватската поп-ѕвезда Северина е во третиот месец од бременоста, пишува хрватскиот портал 24 часа.

Откако ја промовираше песната и спотот за "Отрову" (Отрове) и ги направи промотивните фотографии на кои $ се гледа стомакот, Северина (44) се повлече од јавноста. Последниов период таа времето го поминува со сопругот Игор Којиќ (29) и со неговото семејство кое дојде да ги посети во Загреб. Хрватските медиуми потсетуваат дека пред неколку години, Северина изјавила дека би сакала да роди девојче кое би се викало Коко.
"Северина, која е бремена три месеци, не зборува за бременоста. Чувствува силни мачнини и не настапува веќе еден месец, а работните викенди во странство ги замени за време со семејството. Сопругот Игор е секогаш крај неа", пишуваат хрватските медиуми повикувајќи се на блиски до пејачката.
Северина не дава изјави за бременоста, а на бебето кое треба да се роди во септември најмногу се радува нејзиниот син Александар (5), чиј татко е српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Свекорот на Северина, српскиот фолк-пејач Драган Којиќ-Кеба едвај чека да стане дедо. Тој би сакал да има и внук и внука.
"Таква радост не може да се скрие. Едвај чекам да добијам внуче. А најмногу би сакал да се близнаци", изјавил Кеба и додал дека Северина му помагала да лупи пиперки за зимница.


Текстот е прочитан 2703 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter