Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:24

Нетанијаху: Не е точно дека сопругата ме избрка од службената кола

ИЗРАЕЛ - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху го демантира пишувањето на медиумите дека неговата сопруга го набркала од службениот автомобил, со кој двајцата патувале, по една нивна расправија, додека возилото се наоѓало во обезбедувана колона.

Според медиумите тоа се случило пред две години, во текот на патувањето од Тел Авив за Ерусалим, кога сопругата Сара Нетанијаху , во еден момент побарала да застане колоната возила, а потоа го истуркала сопругот од автомобилот.
Навреден и осрамотен поради објавениот напис, Нетанијаху тврди дека сето тоа е "најобична измислица", па преку своите адвокати, има поднесено тужба против Игал Сарма, новинар на весникот "Једиот Ахронот" од кого бара отштета од 76.500 долари за нанесената повреда на неговата личност.
Новинарот Сарма, меѓутоа, останува зад својот текст и инсистира на тоа дека напишал вистина. Тој вели дека опишаниот случај на брачната двојка Нетанијаху е заснован врз "респектабилни докази".



На судското сослушување Нетанијаху рекол дека секој еден кој знае како функционира безбедносната служба треба да знае и дека не може туку-така да се запре службена колона возила во која е премиерот.
Неговата сопруга Сара, пак, признала дека се случува да се расправа со својот сопруг, не не се сеќава дека некогаш го истерала од службеното возило.
Во изјава за весникот "Хаарец" новинарот Сарма рекол дека откако е покрената тужбата против него, тој "повеќе од било кога досега" верува во вистинитоста на она што го има напишано.
Игал Сарма и натаму одбива да ги открие своите извори, поради што, најверојатно ќе биде осуден да му плати отштета на Нетанијаху. За лугето кои биле извори за новинскиот текст вели дека нема да се појават како сведоци во негова одбрана, затоа што се плашат за својата безбедност.


Текстот е прочитан 708 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter