Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.03.2017, 18:04

ЕЛЕНА МИСИРКОВА, АМБАСАДОР НА КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО АВСТРИЈА, КОНЦЕРТЕН ПИЈАНИСТ

Семакедонско, сеграѓанско и натпартиско обединување за Македонија

Познатата пијанистка со светска кариера Елена Мисиркова - Лоза е родена во Македонија. Правнука е на Крсте Мисирков.

Таа живее и работи во Австрија, но од неодамна е во Македонија и $ се приклучи на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија". Во интервју за "Вест" зборува зошто се вратила во Македонија сега, говори за универзалните вредности кон кои треба да се вратиме.
* Дојдовте во Скопје од Виена каде што живеете, како падна оваа одлука?
Одговорот е едноставен, сакав да се вратам во својата татковина и да бидам меѓу свои луѓе. Особено, со осврт на актуелностите на мигов, кога се работи за зачувување на македонскиот идентитет и на суверенитетот на македонската држава. 
* Која е вашата мисија сега и овде?
-Со моето вклучување во граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија", заедно со редица истакнати македонски творци, режисерот Борис Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски, писателот Александар Русјаков, и Богдан Илиески, а ни се приклучија и Ванчо Петрушевски, Запро Запров, Снежана Коневска - Руси и многу други еминентни личности и наши творци, сакав да дадам свој придонес упатувајќи порака до граѓаните на Република Македонија за семакедонско, сеграѓанско и натпартиско обединување, во намерата да си ја зачуваме земја на нашите предци, потсетувајќи на заветот од нив и нивната неуморна борба, повеќе од век наназад, за автономија на Македонија, потсетив на заветот од мојот славен предок, и кодификатор на македонскиот литературен јазик, и геополитиколог, и пратеник во парламентите на Одеса и на Кишињев, македонскиот преродбеник и лингвист Крсте Петков Мисирков, кој научно докажа дека сме посебен народ со свој идентитет, сопствен јазик, со посебна фолклорна, црковна и битова традиција, кој живее како една геоетничка територијална единка во една геоетничка целина, прикажана на картата на Димитрија Чуповски од 1915 година. Направивме проглас, во кој говориме за Македонија како за модерна граѓанска република каде што Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствената матична држава на македонскиот народ, кој и во 21 век е соочен со негирање и дискриминација. Побаравме ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува дискриминаторската политика на одредени земји.



* Велите, во Македонија ги има истите предизвици како пред 100 години. Ќе наведете кои?
-Во 21 век се соочуваме со една реалност, кога аспирациите од соседните земји, изразени во најразлични форми, не се стивнати, и кога има директно вмешување во внатрешните работи на нашата држава. Една соседна земја си дозволи да го инструира нашето албанско малцинство, донесувајќи платформа во форма на неприфатлив ултиматум, што е недопустливо. Јас, во едно од своите обраќања до граѓаните упатив посебен апел до нашите македонски Албанци - граѓани на нашата земја, да ни се приклучат, во знак на заедничкиот соживот, имено со македонскиот народ на територијата на Република Македонија, која е заедничка татковина, и со тоа да си бидат лојални на својата матична земја, и со должни љубов и почит кон македонскиот државотворен народ. Дозволете, но барањето за воспоставување двојазичност на територијата на целата земја е, всушност, директна територијална претензија од странска држава, а прифатена од македонските Албанци. Второто еклатантно вмешување и со тоа нарушување на нашиот интегритет е од меѓународниот фактор, особено од странските амбасади и од Канцеларијата на ЕУ кои, очигледно, се со двојни аршини, и отворено и недипломатски застапуваат туѓи и непријателски интереси кон македонските народ и држава. Не случајно, актуелниот амбасадор на САД во Македонија г. Бејли е под истрага за злоупотреба службена должност од САД. Во врска со посетата на Могерини, пак, во нејзиното излагање би сакала да упатам на една точка, која би требало да нй накостреши сите, оти таа, имено, спомна за некаква геополитичка опасност во Македонија поради недавање на мандат од претседателот Иванов на партијата која таа ја претпочита да биде на власт во Македонија. Се прашувам, дали е тоа индиректна закана кон нас за да бидеме послушни, и дали е тоа во духот на либерална Европа?
* Се апелира на обединување за зачувување на Македонија. До кого се е апелот?
-Апелот, како што спомнав погоре, е упатен со цел да престане разединетоста меѓу нашите луѓе, и да се издигнеме натпартиски, сите ние прогресивни граѓани на Република Македонија, кои творат и живеат овде, во желбата да се обединиме со најблагороден патриотски дух, за да ја зачуваме татковината од разнебитување поради алчност на поединци за власт. Да не заборавиме што браниме со нашата граѓанската иницијатива: Македонија е лулката на писменоста која, со Моравската мисија на солунските браќа св. Кирил и Методиј и на нивните ученици, им е подарена на народите во Русија, Моравија, Словачка, Србија, во Хрватска, Словенија, во Полска... Македонија е земјата во која е основан првиот универзитет во Европа и во светот Светиклиментовиот. Македонија со својата древност е мајката и лулката на светот, и нејзините Македонци се однесуваат со благородност, љубезност и гостопримство кон секого, оти тоа им е во етичкиот код. Но крајно време е да се престане со злоупотреба на нивната мирољубивост, оти веќе проговара непокорниот дух на нашите загинати војводи и предци, кои ни оставија завет и, оти да не заборавиме, тие ја пролеаја својата крв за да можеме ние денес да живееме слободно на една третина од македонската земја, по нејзиното распарчување со Букурешкиот договор во 1913. И, конечно, во библиската земја Македонија, имено, е родена првата Македонка христијанка Лидија од Филипи, која го прима христијанството од светиот апостол Павле, кој во повеќе наврати ја посетува македонската земја, и тоа е опишано во Библијата, односно во неговите посланија од Новиот завет. Овој факт денес ни дава една поинаква димензија како народ со христијанска традиција, наспроти другите народи на Балканскиот Полуостров, но и пошироко во светот.
* Споменавте стремеж кон универзалните вредности, на што мислевте конкретно?
- Говорејќи за соживот, се става акцент врз универзалните вредности, на кои треба да им се вратиме во нашето општество, мислев, пред сè, на повторна изградба или обнова на едно хуманистичко општество, во духот на благородното воспитување на нашите предци, нашите родители и родителите на нашите родители, мислев, притоа, и на враќањето кон цивилизирано, трпеливо и, ако сакате, љубезно однесување на еден кон друг, престанок и стивнување на омразата на еден кон друг, враќање на парламентаризмот во искажување на ставовите и нивно почитување, враќање на почитта кон личностите што ги искажуваат своите ставови, и потенцирање на заедничкиот виш интерес, заедништвото и припадноста на нашето општество, кое постојано треба да го градиме и усовршуваме.

С. Димишкова

Музички хепенинг наместо протестен марш

Граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија" викендов во Скопје наместо од протестен марш своите ставови ги упати од музички хепенинг во паркот Жена борец.
Иницијаторите ги повторија пораките за сочувување на унитарноста на државата, за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер, како и против воведување двојазичност на територијата на целата држава.
"Решивме за време на викендот да ја измениме формата на искажување на своите ставови и да ги повториме уште еднаш нашите барања. Тоа е откажување од платформи изработени во странски држави, изработка на македонска платформа во Скопје која што ќе ги опфати интересите на сите граѓани на Македонија и да потсетиме дека не смее да се усвојува владина програма која не би била изгласана на избори од страна на граѓаните, рече Богдан Илиевски од иницијативата "За заедничка Македонија".
Тој истакна дека симболично оградата која што е поставена пред Собранието ќе биде врзана со црвено-жолтата трака, која е белег на протестите што ги организира иницијативата.
"Таа веќе за нас не претставува ограда, туку претставува дел од нас, односно од денеска ние сме оградата пред Собранието, веќе нема да има ограда меѓу народот и парламентарците", рече Илиевски.


Текстот е прочитан 2634 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter