Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 13:22

НОВИ ФИЛМОВИ ВО СКОПСКИТЕ КИНА

"Фх3х" работеше на ефекти на "Островот на черепите"

Акцијата фантастика "Конг: Островот на черепите" е на репертоарот на скопските кина "Синеплекс" и "Милениум".

На визуелните ефекти на филмот, во режија на Џордан Вот-Робертс, работеа артсити од македонската компанија за визуелни ефекти "Фх3х", во соработка со "Индустријал лајтс енд меџик".
Том Хидлстон, Самјуел Л. Џексон и оскаровката Бри Ларсон се во главните улоги.
Приказната се одвива во 1971 година, кога тим составен од истражувачи и од војници се обидува да ги открие гласовите за митската легенда дека постои остров во Тихиот Океан каде што сè уште постојат праисториски животни.
"Додека се наоѓа на Островот на черепите, тимот се соочува со суштество кое му дава до знаење дека е крал на островот. Дали тимот ќе преживее да ја прераскаже својата приказна?", раскажуваат дистрибутерите.
Добитникот на три оскари годинава, меѓу кои и за најдобар филм, "Месечева светлина" во режија на Бери Џенкинс, игра во "Синеплекс".
Филмот е трогателна приказна за борбата на еден млад човек да се пронајде себеси, прераскажана во три одлучувачки поглавја доживеани низ екстаза, болка и убавина во вљубувањето додека се справува со својата сексуалност.
Нов филм во "Синеплекс" е и трилерот акција "Автопат на смртта", со оскаровците Ентони Хопкинс , Фелисити Џонс и Бен Кингсли, а во "Милениум" дојде "Тишина" на Мартин Скросезе.


Текстот е прочитан 750 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter