Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 00:51

Не е логично во Македонија да има двојазичност, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ бараше двојазичност на целата територија на Македонија. Кажавме дека пред се е нелогично да има двојазичност во една држава каде што Македонците се 65 отсто, а Албанците 25 отсто. Албанските граѓани во Македонија претежно живеат во северозападните делови на земјата, и таму веќе имаат одредени права за употреба на јазикот и пред Рамковниот договор, а уште повеќе по неговото потпишување. На маса беше ставена и платформата од страна на ДУИ, но ние им одговоривме дека ние не можеме да прифатиме платформа потпиаша со други партии во друга држава, независно од причините.

Ова вечерва го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за ТВ Нова одговарајќи на новинарско прашања во врска со несупешните преговори за формирање Влада со ДУИ.

- Влеговме искрено и отворено во преговорите, но уште од почетокот видовме дека на другата страна не и се брза. За разлика од минатото сега почнавме со комуникација деветиот-десетиот ден. Но кога ги почнавме разговорите бевме соочени со барањето на ДУИ кое беше јасно, недосмислено и писмено, со конкретен закон доставен до нас на хартија со кое што се бараше двојазичност на целата територија на Македонија, изедначување на албанскиот и македонскиот јазик со сите можни последици што доаѓаат со сето тоа, рече Груевски.

Во однос на платформата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на ДУИ и било кажано дека тие не можат да прифатат платформа потпишана во друга држава и да разговараат за неа.

- Ние препознавме дека станува за обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор. А, ние знаеме дека многу пати имавме сугестии од сите страни дека тој договор е тешко издоговаран и дека не треба да се помислува за негово репреговарање, зошто и другите заедници би излегле со своја платформа, но конечно и мнозинската заедница односно Македонците ќе излезат со своја платформа. и Тогаш влегуваме во една голема незивест и отвораме една пандорина кутија која не сум сигурен дека може добро да заврши, рече Груевски.

Можеби 95 отсто од разговорите, според него, биле фокусирани на албанскиот јазик. – Се што се прави во политиката треба да има некоја логика. Мислам дека на овие избори имаше некаква манипулација со албанските гласачи и им се нудеше нешто што нема да им донесе подобро. Што ќе им донесе на Албанците нешто подобро ако има двојазичност во Берово, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Велес, Свети Николе… Или нема воопшто Албанци или ги има во минорен број, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, според Груевски, се залагало да се зборува на оваа тема во општини каде што најмалку има 20% Албанци, но и припадници на други етнички заедници.

- Да видиме, дали има нешто логично и што остварува некои човекови права односно да им помогне на луѓето, а не некој политичар да излезе и да се фали дека нешто направил, додаде Груевски.

Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди во опозоција и оти ќе направат се што е нивна моќ да не

– Ние сме подготвени да одиме во опозиција и ке направиме се што е во наша моќ да не се прифатат барања кои се нелогични и се штетни за целата држава, со кои не им се помага ниту на Македонците ниту на Албанците, само ќе го наруши мирот, стабилноста, ќе создаде дополнителна нетрпеливост, која во некои места постои и е видлива, и ќе не раскара дополнително. Сакаме да им помогнеме на сите граѓани да имаат подобар живот, преку економија, работни места, пензии, плати и подобри можности за сите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски рече дека по неуспешниот обид за формирање Влада со ДУИ имал една средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и оти други партиски лица имале комуникација, но оти не станува збор за некакви разговори или преговори.


Текстот е прочитан 1237 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter