Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 10:09

СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗАХАРИЕВ

Скопје ќе биде најголемо предградие на Штип

Според темпото што го остварува Штип во својот севкупен развој, може да се очекува Скопје да биде најголемото предградие на Штип, ова е став на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев кој даде отчет на сработеното во изминатите неполни 4 години.

"Реализиравме над 400 проекти кои целосно го променија ликот на градот, но и на селата. Бележиме невидена експанзија од сите аспекти. Штип се развива како никогаш досега. Обезбедивме мошне поволна инвестициона клима. Локалната самоуправа ги поедностави сите постапки. Индустриските зони се пополнуваат со повеќе нови фабрики. Вработеноста расте", вели Захариев.
Развојот на градот е остварен без ниту едно ново задолжување. Намирени се и наследените долгови од порано, а кредитите кон меѓународните банки редовно се враќаат. Се враќа кредитот и спрема јапонската државна банка која ги поддржа проектите околу водоснабдувањето во Штип. Захариев рече дека нема намера да се кандидира за втор мандат за градоначалник.
"Мислам дека е добро да имате еден мандат, а во тој мандат да направите толку многу колку за повеќе мандати. За овие 4 години јас не отидов на годишен одмор. Моето работно време почнува од 5 наутро, овде вратата секогаш беше и е широко отворена за сите граѓани, сите беа примени и сослушани", рече Захариев. (Т. Ј.)


Текстот е прочитан 2007 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter