Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.01.2017, 13:06

Шампион, Филип и Делчево освоија најмногу медали на Зимскиот турнир „Еден живот - една љубов“

Првиот дел од турнирот „Еден живот една љубов" во организација на Ракометната академија Вардар заврши успешно. Вкупно 40 екипи од генерациите 2000/01 и 2002/03 овие два дена се натпреваруваа за што повисоко место на табелата, а најдобрите од нив, дома заминаа со пехари, медали и поединечни награди.

Поради големиот број на екипи што учествуваат на турнирот, истиот е поделен во два дела. Ова е најмасовен турнир од ваков вид во Македонија каде учествуваат повеќе од 1.200 деца во машка и женска категорија во повеќе старосни генерации, од повеќе градови од земјава.



    „Трета година по ред го организираме турнирот, кој на наше големо задоволство годинава привлече над 1200 деца кои ја делат нашата страст кон ракометот. Им честитаме на победниците, како и најдобрите стрелци, играчи и голмани. Имавме одлични натпревари, се соочија силни противници и, она што е најважно за нас е дека имаме задоволни учесници. Следниот викенд ќе се натпреваруваат генерациите помали од 2005 година и ве покануваме да бидете дел од најголемиот спортски настан за деца во Македонија", вели координаторот на турнирот Марија Папуџиева.

Сите екипи беа поделени по групи каде се играше по принципот секој со секого. Најдобрите екипи од секоја група потоа разигруваа за што повисок пласман. Се играше во четири сали во Скопје, каде децата ги имаа сите услови за натпреварување.



Екипите на Шампион Вардар од Скопје, Филип Вардар од Прилеп и Делчево Вардар се покажаа како најуспешни, бидејќи имаа по две свои екипи што се пласираа во финалињата во своите старосни категории. Екипите на Преспа Вардар од Ресен и Илинден Вардар се единствените што им парираа на трите клуба, и успеаја да освојат медали.
 

Златниот пехар во генерацијата 2002/2003 во машка категорија го освои Преспа Вардар. Момчињата од Ресен во финалето играа со Шампион Вардар и победија со 28:19. Третото место го освои екипата на Кале Вардар, која со резултат 24:11 беше подобра од Општина Кисела Вода Вардар 2.
Мартин Табаковски од Преспа Вардар ја доби и наградата за најдобар стрелец во оваа категорија, додека најддобар играч е Стефан Кочаров од Шампион Вардар, а најдобар голман е Давид Стоиловски од Кале Вардар.
Во оваа категорија се натпреваруваа 12 екипи и ова е нивниот пласман:
1. Преспа Вардар,
2. Шампион Вардар,
3. Кале Вардар,
4. Општина Кисела Вода Вардар 2,
5. Урдаревски Вардар
6. Ангели Вардар
7. Гостивар Вардар
8. Делчево Вардар
9. Општина Кисела Вода Вардар
10. Бисинов Вардар
11. Будимир Вардар
12. Илинден Вардар


Текстот е прочитан 577 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter