Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.02.2017, 12:52

ВЕЧЕРВА Е СВЕЧЕНАТА ПРОЕКЦИЈА НА "РЕКВИЕМ ЗА ГОСПОЃА Ј"

Премиера на "Скопје филм студио" на Берлинале

Вечерва на Берлинскиот филмски фестивал во програмата "Панорама" во "Цо паласт", премиерна проекција ќе има игранот филм "Реквием за Госпоѓа Ј", деби на режисерот Бојан Вулетиќ, копродукција помеѓу "СЕЕ филм про" од Србија, "Геополи филм" од Бугарија и "Скопје филм студио" од Македонија.

"Реквием за госпоѓа Ј" обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и емотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва. Главниот лик, Госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е трудна, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никој. На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција.



Сценариото е на Бојан Вулетиќ, директор на фотографија е Јелена Станковиќ, сценограф е Зорана Петров, костимограф Лана Павловиќ, шминка Јасмина Лилиќ, а монтажата е на Владимир Павловски. Улогите ги толкуваат: Мирјана Карановиќ, Даница Неделковиќ, Мира Бањац, Јована Гавриловиќ, Срѓан Тодоровиќ и др. Продуценти се Ненад Дукиќ, Павлина Желева, Томи Салковски и Александер Родњански.
На Берлиналето филмот има вкупно четири проекции.
Програмата "Панорама" е од натпреварувачки карактер и е посветена на независниот филм, на уметничката визија наспроти комерцијалните интереси. Во оваа програма, утре е премиерата на мнозинскиот македонски филм во режија на Теона Митевска, "Кога денот немаше име". (К.Р.)


Текстот е прочитан 902 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter