Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.12.2016, 13:34

ВЕЧЕРВА ИМА ПРЕМИЕРА НА РЕЖИСЕРОТ УРБАН

Битолчани ја завршуваат годината со "Доктор Фауст"

"Доктор Фауст", во режија на Андраш Урбан, е последната премиера на Народниот театар од Битола за годинава, а која е закажана за вечерва во 20 часот.

Претставата е работена според текстот на Кристофер Марлоу, и е забранета за публика помлада од 16 години.
Играат 12 актери,: Борче Ѓаковски, Викторија Степановска - Јанкуловска, Елена Моше, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Маја Андоновска -Илиевска, Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Соња Ошавкова и Соња Михајлова.
Режисерот пред 4 години во Битола ја постави "Хамлетмашина".



"'Фауст' е претстава која е многу возбудлива, со многу енергија и со естетска магичност. Во претставата користам специфична сценографија, со цел да прикажам еден дел од животот на д-р Фауст или едно друго размислување за неговиот живот. Претставата не е политички мотивирана и се занимава со човекот на овие простори и со неговите расудувања за различни теми", изјави режисерот.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимите на Благој Мицевски.
Репризите се на 24 и на 26 декември.
(Н. П.)


Текстот е прочитан 565 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter