Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.04.2017, 13:53

ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА РЕТКАТА ПОСТАВКА ВО МУЗЕЈОТ НА МНТ

Скриената театарска страст на Кондовски во изложба

"Уметникот за уметниците" е насловена изложбата посветена на творештвото на Димитар Кондовски, која ќе се отвори вечерва (19 часот) во Музејот на Македонскиот народен театар.

МНТ денес слави 72 години од изведбата на првата претстава "Платон Кречет", а како што велат оттаму, добар повод за одбележување на културната историја на Македонија е 90-годишнината од раѓањето на несомнено најголемиот и најпродуктивен портретист, сценограф, костимограф, илустратор, уметник и ликовен педагог Димитар Кондовски.
Авторките на изложбата Јасминка Намичева и Екатерина Намичева велат дека преку неа ќе се обидат да откријат дел од затскриениот свет на Кондовски, изложувајќи за првпат пред публиката огромен број портрети во најразлични сликарски техники, цртежи, сценографски скици, костимски анализи и безброј, навидум безначајни прибелешки.



"Од нив се родиле големите портрети на македонската Мона Лиза примадоната Ана Липша - Тофовиќ; авангардниот портрет на актерот Кирил Ќортошев; пенливиот лебед на примабалерината Натка Пенушлиска; алхемичарски магичниот портрет на учителот Никола Мартиноски; на различен ликовен јазик но еднакво вонвременски портретите на доајенот Трајко Чоревски - цела галерија ликови кои дишат сè уште пред нас со безвременскиот здив, кој со својата сликарска магија Димитар Кондовски им го вдахна и ги воздигна во вечноста", велат кустосите.
Тие ја истакнуваат огромната заложба на Хилдегард Кондовска, која сесрдно им излегла во пресрет при селекцијата на делата.
Автор на фотографиите е Филип Кондовски, а стручен соработник е најголемиот познавач на делото на Кондовски историчарот на уметност Емил Алексиев.
За изложбата ќе биде изготвена виртуелна тура од 360 степени, која ќе биде достапна на веб-страницата на МНТ.
(Б. Н.)


Текстот е прочитан 561 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter