Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 10:55

МАКЕДОНИЈА ЕМ СО НАМАЛЕНО ПРОИЗВОДСТВО ЕМ НЕМА ОД КАДЕ ДА УВЕЗЕ

Ќе фалат јајца за Велигден

Македонија ќе се соочи со недостиг на јајца за Велигден. Домашното производство е намалено за 16,5 отсто на дневно ниво, а нема од каде и да се увезе, бидејќи ниту Србија ниту Грција, па и цела Европа во моментот не располага со вишок јајца.

"Од ваквата состојба може само да бидат во добивка трговците, но се надеваме дека нема драстично да ги поскапат јајцата, бидејќи на големо цената е покачена за неполн денар", ни рече вчера Вили Кичуков, претседател на Здружението на живинари во Стопанската комора на Македонија.

Според Кичуков, во земјава производството е намалено поради неисплатливост, а во регионот и Европа поради птичјиот грип, кој ја сотре живината.

"Во моментот во маркетите едно јајце чини околу 6,7 денари, односно цената на табла со 30 јајца големина L е 200 денари. Во некои супермаркети цената на јајце достигнува и до 8 денари, односно кутија со 10 јајца се продава за 80 денари. Цената е најниска на зелените пазари каде што може да се најдат јајца и за 6 денари", вели Кичуков.

Трговците, пак, велат дека сe уште не се чувствува недостигот на јајца на полиците во продавниците, но оти, најверојатно, ќе се осети неделата пред Велигден, кога ќе има голема побарувачка поради адетот со бојадисување. Тогаш не е исклучена можноста, велат тие, да скокне цената, но сe уште е рано да кажат за колку.

Одгледувачите на живина велат дека зголемувањето на цената од еден денар е поврзано со зголемени производствени трошоци, но и со со покривањето на трошоците во производството направени во изминатите години.

"Претходните неколку години цената на јајцата драстично се намали, со што едвај ги покриваме трошоците. Да не се субвенциите од 100 денари по несилка, живинарските фарми нема да опстанат", велат живинарите.

Според нив, производството на јајца во Македонија, на дневно ниво, е намалено за околу 200 илјади. Лани на ден се произведувале 1,2 милиона, а сега само 1 милион јајца, што не се доволни целосно да го покријат домашниот пазар. (И. С.)

За вапсување се бараат сите големини јајца

За адетот со вапсување јајца за христијанскиот празник Велигден еднакво се продаваат сите големини јајца. Производителите велат дека некои домаќинки ги претпочитаат малите јајца, бидејќи мислат дека помалку пукаат при варењето, а некои ги бараат оние со стандардната големина од 65 до 75 грама. Нема разлика во побарувачката и по боја. Еднакво барани се и белите и кафеавите.

Лани табла јајца се продаваше за 240 денари

Табла јајца во маркетите, лани за Велигден чинеше 240 денари, а на зелените пазари низ Македонија 30 јајца можеше да се купат 150 денари, односно едно јајце чинеше 5 денари, што беше само половина денар поскапо од цената на големо. Исто како и годинава, и лани производителите на јајца пред Велигден ја зголемија цената за околу еден денар.


Текстот е прочитан 1323 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter