Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.04.2017, 18:35

Туск: Да се најде демократско решение базирано на пристојност и здрав разум

Дојдов овде со силна порака од лидерите и институциите на ЕУ: заложбата на Европската унија во поглед на вашата европска перспектива е недвосмислена. Напредувањето кон членството во ЕУ и НАТО се покажа како фактор на заедништво. Заедништво кое е толку многу потребно денес во вашата земја. Затоа, се надевам дека ќе продолжите да го следите овој внатрешен компас и ќе го избегнете сето она кое што може да разгори дополнителни тензии, вклучително и по етнички линии, порача претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Во однос на политичката криза во земјата, Туск порача дека одлуката за тоа е на Македонија и побара решение базирано на демократските начела, пристојност и здрав разум.

- Претседателе Иванов, ви одговорив на писмото од почетокот на март за изнаоѓање на излез од актуелната политичка криза. Оваа долготрајна криза ја успорува вашата држава на евро-атлантскиот пат. На вас е да најдете решение засновано на демократски начела, пристојност и здрав разум. Само таквото решение може да биде трајно. Кога ќе најдете такво решение, можете да сметате на нашата поддршка, истакна Туск.

Претседателот Ѓорге Иванов, пак, рече дека детално го запознал Туск со неговите уставни овластувања како претседател на Република Македонија како и со воспоставената практика од 1992 година за определување на мандатаор за составување на новата влада.

- Мојот став останува непроменет. Правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна, за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета Влада е нестабилна Влада со краток рок на траење и штетни последици, рече претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во „Вила Водно“.

Иванов посoчи дека детално го запознал Туск со неговите уставни овластувања како претседател на Република Македонија како и со воспоставената практика од 1992 година за определување на мандатаор за составување на новата влада.

Потсети и дека Европската Унија е гарант на само два договори – Охридскиот рамковен договор и Договорот од 2015 година.

- Оттука, императив за партиските лидери треба да биде спроведување на итните реформски приоритети. Прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да бидат европските реформи, а не спроведување на постизборна платформа креирана во туѓи држави, рече претседателот Иванов.

Оцени дека со платформата се загрозува независноста на државата, се условува постигнување на парламентарно мнозинство, се уценува составот на нова влада, и, како што рече, се нарушуваат добрососедските односи со директно мешање во внатрешните работи во Македонија, се поттикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните со прашања кои се надвор од Рамковниот договор, се бара промена на Уставот.

- Затоа, на Република Македонија ? се потребни европски реформи, а не туѓи платформи. Како држава мора да се фокусираме на европските реформи. Само реформите ќе ни помогнат да го искорениме коренот на политичките кризи. Но, тоа не е само наш предизвик, туку и на добар дел од регионот. Затоа, сметам дека ЕвропскатаУнија треба да најде начин да ги отвори 23-то и 24-то поглавје за правосудството, основните права, правдата, слободата и безбедноста, и тоа за сите земји кандидати и потенцијални кандидати од регионот. А за да се спречи блокирање на процесите, Европската Унија треба да најде начин процесот на пристапување да не се злоупотребува за уцена при решавањето на билатерални прашања. Блокадата на евроинтеграцискиот процес на Република Македонија мора да прекине, час поскоро, рече претседателот Ѓорге Иванов.

На средбата станало збор и за миграциската криза, при што Туск го нагласи придонесот на Македонија во справувањето со бранот бегалци во 2015 година и изрази уверување дека соработката ќе продолжи и дека Балканката рута ќе остане затворена.

- Развивме сеопфатна стратегија за да се справиме со миграциската криза и денес рутата на Западениот Балкан останува практично затворена. Сето тоа благодарение и на вашите напори. Сакаме да се осигураме дека ваквата заемна соработка ќе продолжи и во иднина. Остануваме подготвени да излеземе во пресрет на вашите потреби на теренот, без оглед дали станува збор за хуманитарна поддршка за локалните заедници или во форма на опрема, или човечки ресурси, меѓу другото и преку граничната полиција на ЕУ, рече Туск.

Шефот на македонската држава пак нагласи дека Република Македонија како и досега и во иднина ќе делува за заштита на националната безбедност и сигурноста на своите граѓани, но нагласи, земјата, истовремено е и чувар на портите на Европа повеќе од 19 месеци и врши контрола за влез во најбрзиот мигрантски коридор што води кон Европа.

- Помогнете ни за да ви помогнеме. Помагајќи и на Македонија си помагате себе си, порача Иванов

Ова е трета посета за две години на Доналд Туск на Македонија. По Македонија претседателот на Европскиот совет заминува во посета на Бугарија, која е дел од неговата турнеја во регионот, на чија агенда се и Словенија и Грција. Посетата на регионот е поради стравувања од нов бран бегалци како последица на засилените тензии меѓу ЕУ и Турција и заканите од Анкара за раскинување на договорот за мигранти.


Текстот е прочитан 1181 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter