Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 09:29

КРЕМЉ БАРА ОБНОВУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ НА РУСИЈА, САД И НА НАТО

Путин ќе ги зближува КГБ и ЦИА

РУСИЈА, 17 февруари - Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е во интерес, како на Русија така и на САД, да се обноват врските меѓу разузнавачките служби на двете земји.

"Во наш заеднички интерес е да се обнови дијалогот со специјалните служби на САД и другите земји членки на НАТО", истакна Путин на седницата на Федералната служба за безбедност.
"Треба да биде ставена на ново ниво соработката во антитерористичката сфера со странските партнери, и покрај комплексноста што се јавува во различни насоки на меѓународниот живот", нагласи Путин. Тој додаде дека овој дијалог беше прекинат и дека не се развива, но не по руска вина.
"Апсолутно е јасно дека во сферата на антитероризмот треба да соработуваат сите одговорни држави и меѓународни здруженија, бидејќи дури и обичната размена на информации за каналите и изворите за финансирање на терористите, соучесниците или осомничените за поврзаност со тероризмот, сериозно ја засилува ефикасноста на нашите заеднички напори", потенцира рускиот претседател. Тој исто така рече дека со нејзините дејствија НАТО постојано ја провоцира Русија и се обидува да ја вовлече во конфронтација. Според него, со таква цел се прави и континуирано проширување на Алијансата, со забрзување на процесот на распоредување на стратешко и конвенционално оружје надвор од националните граници на кои не влегуваат нејзините земји. Путин нагласи дека минатата година биле прекинати активностите на речиси 440 кадровски соработници и агенти на странските тајни служби.


Текстот е прочитан 809 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter