Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.04.2017, 09:55

СДСМ: Блокадата на Собранието не може да ја спречи одговорноста за криминалот

Македонија ќе биде правна држава. Ќе има темелни реформи во судството и обвинителството и ќе има правда за сите!, порача денеска СДСМ преку соопштение.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ затоа ги кочат демократските процеси во Парламентот. Тие мислат дека така можат да го заштитат раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за правените криминали на штета на граѓаните, изминатите 10 години. Ниту Никола Груевски, ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои си реплицираат сами на себе во Собранието, погазувајки го сопственото достоинство, нема да ги спречат промените и правдата.

Околу 700.000 граѓани избраа промени и правда и тоа ќе се преточи во институциите на системот. Мнозинството граѓани во Македонија се изјаснија против партиски судови во кои нарачани пресуди пишуваат судии од тефтерчето на Јанкулоска и фамилијата.

Граѓаните не сакаат недостижна правда, зашто таа им следува по Устав и закон. Судството и јавното обвинителство во голем дел ја штитеа корупцијата на највисоките нивоа во досегашната власт“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека е потребна влада која ќе ги ослободи судството и обвинителството чија основна обврска е заштитата на основните човекови права. „Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја одблокираат работата на Собранието, наместо да штитат криминали“, се наведува во соопштението.




Текстот е прочитан 1000 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter