Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.03.2017, 14:37

ОДРЖАН ПРВИОТ ПРОЛЕТЕН ПРЕДИЗВИК НА СТЕМ АКАДЕМИЈА: НАТПРЕВАР ВО РОБОТИКА

Во просториите на Машинскиот факулет во Скопје со почеток во 12 часот започна првиот Spring'17 Challenge натпревар во роботика и математика во организација на СТЕМ Академија од Скопје, а со поддршка на Машински факултет.

На натпреварот учествуваат шеесетина деца на возраст од 6 до 14 години спремни преку тимска работа да го покажат своето знаење од областите роботика,  математика и решавање проблеми.
"Ни претставува задоволство организирањето на првиот Spring'17 Challenge. Во прашање е натпревар во роботика и математика каде натпреварувачките тимови добија задача да решат зададен проблем на начин кој според нив претставува најфункционално, иновативно и погодно решение. Целта на настанот е да ги поттикне младите учесници да размислуваат иновативно, да најдат начин за примена на своето знаење и секако да работат и соработуваат во тим бидејќи ние во СТЕМ Академија цврсто веруваме дека овие квалитети се важни не само за успешно решавање на интересни проблеми, туку и во понатамошниот живот на младите натпреварувачи. " - изјави Жарко Поп Илиев, еден од основачите на СТЕМ Академија.
Овој настан е дел од соработката на СТЕМ Академија со Машинскиот факултет од Скопје за едукација, доживотно учење и стекнување на СТЕМ вештини неопходни за 21 век кај младата популација во Македонија. Оттука, оценувањето на работата на тимовите ќе го прават професори од Машинскиот факултет, а за најдобрите ќе бидат обезбедени соодветни признанија.



"Машинскиот факултет како високообразовна институција со фокус на развој и придонес во научноистражувачка дејност со задоволство ги поддржува сите иницијативи и проекти кои имаат за цел приближување на науката до младите. Оттука ги цениме и поддржуваме ваквите и слични настани и активности на СТЕМ Академијата каде во суштина децата се запознаваат со светот на науката, инженерството, технологијата и математиката на начин кој е соодветен на нивната возраст и кој кај нив ја поттикнува љубопитноста, желбата за учење и истражување во овие области." - изјави д-р Атанаско Тунески, професор на Машинскиот Факултет - Скопје по предметот Управување со роботи.
Фондацијата за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој СТЕМ Академија е формирана во 2013 година и оттогаш работи на промовирање и градење на неопходните вештини и знаења на 21 век кај учениците притоа користејќи  иновативни методи за учење технологијата кај сите генерации, со особен фокус на најмладите. Програмите и методологиите на СТЕМ едукација потекнуваат од светски познати институции и технолошки лидери како што се LEGO® Education,MINDSTORМ® Education, Massachusetts Institute of technology (MIT), Harvard's research Institute и Microsoft. До денес програмите на СТЕМ Академијата ги поминале повеќе од 500 ученици на возраст од 5 до 16 години.






Текстот е прочитан 1932 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter