Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.01.2017, 10:16

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА, ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ПОВТОРНО НА ТУРНЕЈА ВО АВСТРАЛИЈА

Гавазова: Се враќам на сцена, ќерките ќе ми ги чуваат две дадилки

Фолк-пејачката Сузана Гавазова, по четири години пауза, повторно е подготвува за турнеја во Австралија. Ова е нејзино осмо патување во Австралија, каде што, како што вели, секогаш си поминува убаво бидејќи има многу публика.

"Паузата ја направив бидејќи се омажив и станав мајка. Емели и Селена беа мали за да можам да ги оставам толку долго сами. Зависеа од мене. Сега веќе потпораснаа и може да бидам отсутна пет недели, колку што ми трае турнејата. Ќерките ќе ми ги чуваат мајка ми и татко ми. Дополнително ангажирав уште две жени, дадилки, а тука се сестра ми и внука ми, кои ќе се најдат. Сите во моето семејство ги претворив во дадилки, но мора така бидејќи со мене ќе замине и сопругот Јасмин. Тој изрази желба да ја види Австралија, бидејќи јас секогаш имам само убави зборови за оваа држава и за нашинците таму", вели Сузе.
Таа е презадоволна од досегашните осум турнеи во Австралија, особено поради тоа што таму многу се почитува и се слуша македонската музика.
"Секогаш кога одам во Австралија, си поминувам убаво. Публиката таму сака македонски песни и секогаш кога одам, им носам нови песни. Така е и сега. Им носам цел албум со нови песни и плус албум со стари македонски песни. За сите песни, и за старите и за новите, имам снимено видеозаписи. Имам осум концерти и три настапи на приватни забави. Заминувам заедно со групата 'Болеро'. А додека да заминам, ќе снимам уште еден спот. Денес заминувам за Бугарија, каде што со Николај Скерлев од продукцијата 'Пајнер', под чија закрила е популарната телевизија 'Планета', ќе снимам спот за песната 'Само ти'. Речиси за сите песни од новиот албум снимив спотови, за 'Македонка', 'Празник на љубовта', 'Умирам по тебе', 'Сузе, С


Текстот е прочитан 12773 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter