Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.02.2017, 20:46

Црвен килим на „Златна Бубамара“

Дваесет години "Златна бубамара" е најпрестижниот црвен килим во Македонија. Не е оној класичниот, како на гала-настаните, туку се случува и во холот, меѓу седиштата, на пуш паузите додека трае програмата. Најоговарачко место. Да бидете видени и да видите. Своевидна модна писта. Среќавате и елита и обичен народ. И дами и девојчиња. И господа и мангупи. И миленици и спонзори. И "мерцедес" и "фиќо" ако имате среќа да најдете паркинг. Ако најдете или добиете влезници за "Златна бубамара", значи сте успеале во Македонија. Ќе се поздравите со луѓе што одамна не сте ги виделе, ќе се изнаозборувате, како на времето на улицата "Македонија".

Публиката, како и секоја година во сезоната на премиери, промоции, концерти и ревии, доцни најмалку 15 минути. Влегува кога ќе се изгаснат светлата. Во темница си ги бара седиштата. Ја станува публиката што дошла навреме. Додека трае програмата, си прави гласно муабет. Разговара, сурфа или се слика со мобилен телефон. Разменува СМС-пораки. Шушка со ќеси, некултурно џвака мастика. Оди на пушење и во тоалет кога ќе $ дојде. Ако и е досадно или предолго трае настанот, не го дочекува културно крајот. Станува во темница. Ја станува и публиката што останува до крај. Не е лесно да си домаќин или организатор во Македонија. Секој втор е ВИП-гостин, секој сака гага и во прв ред. Желбата е пред заслугата, функцијата е пред знаењето. Кој е точен е неточен, кој доцни е елита. Во која група спаѓате вие?

Л.Сабит
Фото: Д. Перковски


Текстот е прочитан 8798 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter