Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.02.2017, 10:06

СПЕКТАКУЛАРНА ТУРНЕЈА НА КАЛИОПИ ВО ХРВАТСКА И ВО БОСНА

Пресреќна сум, си одам со полн куфер љубов

Со концертот во Бања Лука, Калиопи го одржа седмиот од актуелната турнеја во Хрватска и во Босна. Таа за седум дена настапи во седум града, и тоа во: Загреб, Тузла, Бања Лука, Мостар, Зеници и заврши завчеравечер, повторно во Бања Лука, каде што по барање на публиката се организираше уште еден.

Круна на босанскиот дел од турнејата беше концертот во Сараево, каде што Калиопи настапи во преполниот Босански културен центар.
"Не верував дека толку лесно ќе успеам да отпеам седум концерти во низа за седум дена. Публиката на сите концерти беше неверојатна. Со својата љубов, го придвижи моторот во мене. Пресреќна сум и сега, кога заврши последниот концерт во Бања Лука, кој беше круна на оваа турнеја, си заминувам дома со преполн куфер љубов", изјави Калиопи за босанските медиуми.
Како во хор, публиката заедно со Калиопи ги пееше нејзините "Разбуди ме", "Љубичици", "Црно и бело", "Дали ме сакаш", "Роденден", "Костени", "Волчица", "Мелем", "Дона" и многу други. Разгалената публика во секој град ја дочека и ја испрати Калиопи од сцената со овации и на нозе ја дочекуваше секоја вечер. Во секој град, салите беа полни, Калиопи ја оставаше публиката во еуфорија, со ветување дека повторно ќе се видат.
Калиопи внимателно го избра репертоарот, а реакцијата на публиката потврди дека навистина е спектакуларен. Калиопи им приреди поинтимен, акустичен блок, но и сосема нов концепт на нови изведби. Брилираше со акустичната изведба на песната "Македонија", а концерт го заврши со песните "Црно и бело" и "Бато" (Роѓени), со кои настапи на бисовите.


Текстот е прочитан 1036 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter