Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 13:32

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА НАЈТАЛЕНТИРАН ДИЗАЈНЕР

И Македонија во трка за учество на Модната недела во Лондон

Во тек се подготовките за регионален проект поврзан со модата, кој е прв од ваков вид на Балканот и наедно натпревар во кој ќе се вклучат дизајнери од Македонија, Србија, Словенија и од Хрватска.

По тројца одбрани дизајнери од четирите земји ќе имаат можност да ја претстават својата работа (4 креации) во рамките на Модната недела во Белград (28 март 2017). Победникот ќе биде награден со презентирање на колекциите на "Моден скаут"(Фасхион Сцоут), од 15 до 19 септември 2017 година, во Лондон, за време на Модната недела во Лондон. За победникот на натпреварот, учеството, превозот и сместувањето во Лондон ќе бидат покриени од организаторите.



"Благодарение на соработката меѓу Моден викенд-Скопје, модните недели во Белград и во Љубљана, фасхион.хр и основачот на 'Моден скаут', Мартин Робертс, одлучивме заеднички да ја однесеме регионалната модна индустрија на повисоко ниво и оттаму се роди идејата за натпревар. Работиме на тоа да создадеме регионален моден центар кој ќе се користи како платформа за промоција преку која ќе се покаже потенцијалот на модната индустрија, како и талентот на дизајнерите од регионот", велат организаторите.
Рокот за аплицирање е 20 февруари.


Текстот е прочитан 832 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter