Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.04.2017, 13:16

ЛЕГЕНДАТА ЗА ШВАЈЦАРЕЦОТ ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ

Федерер го освои и Мајами, па зема одмор до Ролан Гарос

Легендата за Роже Федерер продолжува да расте.

Неуништливиот Швајцарец по третпат оваа година го победи својот голем ривал Рафаел Надал, за да ја освои Мастерс титулата во Мајами, негов трет голем трофеј од почетокот на годината.
Како и во финалето на Отвореното првенство на Австралија и на претходниот Мастерс во Индијан Велс, 35-годишниот Федерер не наиде на поголеми проблеми во дуелот со Шпанецот и го совлада со 6:3, 6:4, намалувајќи ја разликата во меѓусебниот скор на 14-23, 13 години откако на истиот турнир почна нивното ривалство. Надал и во петтиот обид не успеа да го освои Мајами.
- Мојот сон продолжува. Му честитам на Рафа на големиот камбек. Мило ми е што повторно сме заедно овдека, каде што се и почна во 2004 година. Ова воопшто не беше лесна победа, како што, можеби, кажува конечниот резултат. Јас, можеби, бев поборбен. Сигурен сум дека Рафа еден ден ќе го освои овој турнир - кажа Федерер.



По освојувањето на 91. титула во кариерата, Федерер повторно скокна на АТП-листата и сега е четврти, откако сезоната ја почна на 17. место.
Свесен дека веќе не е така млад, Федерер најави пауза од настапите, па ќе одмора се до Ролан Гарос, со што ќе го пропушти остатокот од сезоната на земја, вклучувајќи ги и мастерсите во Монте Карло, Мадрид и во Рим.
- Тоа ќе биде превентивно. Немам веќе 24 години. И мојот лекарски тим смета дека така е најдобро. Мора да мислам на моето здравје. Ваков секојдневен ритам не се издржува, така ќе ја снема и желбата. Не сакам да бидам играч кој само ќе излезе на терен - реален е Федерер, кој заработи милион долари за победата во Мајами.


Текстот е прочитан 466 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter